Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува постапката за окрупнување на земјоделското земјиште во општина Чешиново-Облешево
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува постапката за окрупнување на земјоделското земјиште во општина Чешиново-Облешево
Агровести

Почнува постапката за окрупнување на земјоделското земјиште во општина Чешиново-Облешево

Објавено 24/09/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во атарите на селата Спанчево и Соколарци во општина Чешиново-Облешево почнува спроведувањето на втората и третата фаза од проектот „Воведување на национална програма за консолидација на земјиште“, што се однесува на окрупнување на земјоделските површини, главно за производство на ориз.

На воведниот состанок на кој присуствуваа претставници од тимот експерти кој ќе го работи проектот, како и од подрачните канцеларии на Министерството за земјоделство, од водостопанското претпријатие, од локалната самоуправа и од други јавни институции, беше речено дека станува збор за обновување на претходно започнатиот процес што имаше прекин во текот на изминатиот период.

-Целта на проектот е да се зголеми конкурентноста на земјоделското производство, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси. Исто така, окрупнувањето на земјоделските парцели ќе овозможи зголемување на приходот и профитабилноста по хектар обработено земјиште, како и примена на модерна земјоделска механизација и производствени технологии. Дополнително, процесот ќе помага во решавање на проблеми со регистрација на земјиштето, истакна Никола Рибароски, тим лидер на сервис провајдерот „Цветковски консалтинг“.

Подрачјето во атарот на село Спанчево на кое ќе се врши окрупнувањето се простира на површина од 276 хектари со 1879 парцели и 642 сопственици, додека во Соколарци е опфатена површина од 218 хектари со 1555 парцели и 491 сопственик. Предвиден е период од 11 месеци за завршување на постапката

Освен во Чешиново-Облешево, проектот за окрупнување се спроведува и во во битолските села Логоварди, Оптичари и Трн, потоа селото Кожле во општина Петровец, како и во селото Дабјани во Општина Долнени.

Теренската работа на консолидацијата ќе ја извршува сервис провајдер како конзорциум од четири фирми, финансиската поддршка е обезбедена од фондовите на ЕУ, а активностите ги спроведува Светската организација за храна – ФАО, во партнерство со македонското Министерство за земјоделство.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:земјоделско земјиштеконсолидацијаоктупнивање на земјоделско земјиштеЧешиново-Облешево
Претходен напис Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ годинава во скратено издание
Следен напис Промоција на правилниците за продажба на земјоделски производи од самите производители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?