Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува кампањата за спречување африканска свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува кампањата за спречување африканска свинска чума
Агровести

Почнува кампањата за спречување африканска свинска чума

Објавено 05/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска го најави почетокот на кампањата „Стоп за африканска чума кај свињите“, чија целна група се комерцијалните и индивидуалните фармери, докторите по ветеринарна медицина и ловците.

Под мотото „Откриј, спречи, пријави“, кампањата се спроведува во вкупно 18 европски држави. Според АХВ, оваа година во Северна Македонија нема појава на жариште на африканска чума кај домашните свињи.

Последниот позитивен случај кај дивата популација беше потврден на 3 мај 2023 година, со што вкупниот број на позитивни случаи кај дивата популација свињи во 2023 година изнесува 62.

Со оглед на актуелната епизотиолошка состојба, АХВ на 27 април 2023 година, како што информира денеска директорот Николче Бабовски, ги укина сите мерки поврзани со африканската чума кај свињите (АЧС).

– Првиот случај на африканска чума кај свињите во Северна Македонија беше потврден на 6 јануари 2022 година, а првото решение беше издадено на 7 јануари 2022.

Потоа, во текот на 2022 година беа потврдени вкупно 45 жаришта и тоа најголем дел во источниот и североисточниот дел од државата.

Во рамки на мерките за контрола и искоренување на оваа болест, АХВ донесе низа мерки кои беа спроведени од официјалните ветеринари.

Целосно беа уништени свињите на вкупно 345 фарми во радиус од три километри од појавеното жариште, регистрирани беа 73 смртни случаи кај свињите како последица од АЧС, извршена беше депопулација на вкупно 499 фарми во радиус од 3 и 10 километри од потврденото жариште, убиени и нештетно отстранети, како и заклани беа 4 891 свиња во радиус од 3 и 10 километри од потврденото жариште, а во радиус од 3 километри од појавеното жариште беа убиени и нештетно отстранети 3 450 свињи, истакна Бабовски на прес – конференција.

Иако не е ловна сезона, Бабовски апелира подрачјата да се контролираат и доколку се забележи мртва единка, тоа да се пријави за да се земат примероци за анализа и да се утврди дали животното било заболено или не.

Фармерите, пак, треба веднаш да го известат надлежниот ветеринар ако забележат каков било случај на сомнеж кај свињите кои ги чуваат.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:африканска свинска чумаАХВ
Претходен напис Од полноќ се намалуваат цените на бензините
Следен напис Времето денеска претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?