Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020
Агровести

Почнува кампања на инфо денови за мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020

Последна измена: 17/02/2020 11:01
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој продолжуваат со реализирање на Инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој ИПАРД 2014 – 2020.

Во најава е јавен повик за Мерка 1 Инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства.  Со таа цел, оваа недела, ќе се одржат информативни и едукативни денови во неколку места/општини низ државата за полесно спроведување и користење на ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 1.

На 18 февруари, инфо караванот ќе ги посети општините Зрновци, во Домот на културата од 11:00 часот и Македонска Каменица, исто така во Домот на културата од 15:00 часот.

Наредниот ден, 19.02. во општинската сала на општина Зелениково во 10:00 часот граѓаните ќе имаат можност да се информираат за полесно искористување на ИПАРД Програмата, а во општина Чашка средбата ќе се случува во салата во ОУ „Тодор Јанев“ од 14:00 часот.

На 20.02. инфо караванот ќе биде во општина Старо Нагоричане од 10:00 часот, а во општина Арачиново инфо средбата ќе се одржи во кафе бар „Релакс“ ов 14:00 часот.

На 21 февруари инфо ден ќе се одржи во општина Ѓорче од 10:00 часот.

МЗШВ ги повикува сите заинтересирани граѓани, физички лица-носители на земјоделско стопанство, индивидуални земјоделци, правни лица и задруги, за инвестирање по ИПАРД Програмата, да ги посетат инфо деновите со цел модернизирање на сопствените земјоделски стопанства.

Во врска одржување на инфо деновите дополнителни информации и детали, заинтересираните лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk) Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, и тоа: http://ipard.gov.mk,  http://mzsv.gov.mk/,  http://www.ipardpa.gov.mk, http://agencija.gov.mk/ или да се јават во Сектор за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 и 047/228-370.

Може да ви се допадне

Рекордно производство на жито, но потрошувачката ја надминува понудата?
Максимов: Трговците знаат да си ја зголемат маржата по однос додавање „крш“ во оризот, граѓаните тоа не го знаат 
Каракашев: Земјите во соседството ги штитат земјоделците, кај нас се е оставено на милост и немилост на трговците
„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
Таг:инфо деновиИпардМерка 1 ИПАРД
Претходен напис Сончево и топло време до среда, во четрврток повторно промена
Следен напис Исплатени субвенциите за одгледувачите на говеда
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?