Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион, годинава берзанската цена за половина намалена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион, годинава берзанската цена за половина намалена
Агровести

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион, годинава берзанската цена за половина намалена

Објавено 26/06/2023
Сподели
3 мин. за читање
Combine harvester working in the wheat field.
Сподели
Ad imageAd image

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполскиот регион, но земјоделците се незадоволни од откупната цена. Гоце Спасов потпретседател на Секторската група за жито при МЗШВ вели дека цената е берзанаска и за разлика од лани е намалена за 50 отсто.

-Ланската година на берзата се движеше околу 300 евра и овде ние излеговме со откупна цена од 300 евра. Оваа година цените се намалуваат, моментално се движат од 150 до 160 евра на берзите. Откупот во нашата држава се одвива по берзанска цена, вели Спасов.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на прашање на МИА дали годинава ќе имаме доволно жито и на колкави површини се посеани, одговори дека сите мерки се насочени токму кон поддршката на домашното производство и како земја да не сме во голема мера увозно зависни.

-Токму затоа активно го следиме еве во време жетвата на сите овие состојби на терен и затоа ја промовираме денес токму мерката, која што самите земјоделци, ја предложија на пот секторската група за жито која што неколкупати заседаваше овие денови, и беше веднаш прифатена од моја страна.  Верувам дека Владата ќе ја усвои, со што со оваа мерка 12.000 денари по хектар ќе бидат насочени за сите оние коишто ќе остварат принос, рече Николовски.

Тој истакна дека  информациите од теренот говорат дека на над 30.000 хектари кај јачменот се очекуваат приноси од три или повеќе тони по хектар.  

-Јас очекувам околу 45.000 хектари под јачмен.  Приносот секако дека ќе биде над три тона. Тоа значи дека оваа мерка мотивирачка ќе биде остварена односно ќе ја искористат најголем односно над 90 проценти од самите земјоделци. Потсекторската група, овие денови продолжува со работа, да ја следи состојбата, и да предложат мерки коишто се однесуваат на пченицата, вели Николовски.

Посочи дека  Владата го донесе Интервентниот фонд оваа година за поддршка на земјоделството и потенцираше дека  сме единствена земја која што имаме интервентен фонд, којшто може да се користи во било кој еден момент кога има потреба. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:жетвајачменовчеполски регионштипски регион
Претходен напис Николовски најави дополнителни субвенции за остварено производство на ЈАЧМЕН
Следен напис Одлуката за кризна состојба отвора можност за брза санација на патиштата во Делчево и Крива Паланка, вели Ковачевски
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?