Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна тестирањето на системот е-фактура, поефикасна наплата на даноци и борба со сивата економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна тестирањето на системот е-фактура, поефикасна наплата на даноци и борба со сивата економија
Агровести

Почна тестирањето на системот е-фактура, поефикасна наплата на даноци и борба со сивата економија

Објавено 05/01/2026
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи почна пилот примена  на системот е-Фактура, дигитална реформи во областа на јавните финансии и даночната администрација  што треба да овозможи подобра даночна усогласеност, поефикасна наплата на даноците, како и посилна борба против сивата економија.

Директорката на УЈП Елена Петрова денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека во текот на пилот фазата ќе се тестира АПИ интерфејсот за испраќање е-фактури  – технички мост што ќе ги поврзува бизнис софтверите со платформата за е-фактурирање и ќе овозможува да комуницираат на директен и стандардизиран начин, што значи е-фактурите да се испраќаат и примаат автоматски, 

Веќе е објавена целата техничка документација за АПИ интерфејсот, за да можат деловните субјекти да почнат со прилагодување на софтверските решенија и со техничка интеграција. Со тоа е овозможено сите засегнати страни – деловните субјекти и софтверските компании – да почнат и со тестирање на реална размена на податоци со системот е-фактура во контролирана тест околина, што е суштински важен чекор пред продукциската примена на системот.

Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова вели дека на граѓаните кои платиле данок на доход во странство, а на кои сега им е дојдено даночно решение и од УЈП, имаат се уште врем

Петрова повика во пилот фазата да се вклучат активно сите ИТ компании и деловни субјекти и посочи дека повратните информации од компаниите се од суштинско значење. Обезбедени се и посебни канали за комуникација, тимови за поддршка и даночни агенти кои ќе бидат во директен контакт со компаниите.

Покрај јавниот повик, најави дека УЈП преку своите тимови за поддршка постепено ќе ги контактира и ќе им дава непосредна помош на сите компании од кои се очекува да бидат вклучени во оваа фаза.

– Следниот чекор е најавување во системот и доделување пристапи за лицата кои ќе работат со е-фактурите. Потоа се регистрира дигитален сертификат, кој овозможува безбедно и валидно испраќање и примање на е-фактурите.Откако ова ќе се заврши, компаниите започнуваат со тестирање – испраќаат и примаат тест е-фактури преку сопствениот софтвер и платформата за е-фактура. На крај, преку самата платформа, компаниите можат да имаат целосен увид во сите испратени и примени фактури, рече директорката на УЈП, посочувајчи дека во тест фазата се користат реални податоци од регистрите на УЈП, но оти тест фактурите немаат правна или даночна важност, рече Петрова.

Таа најави дека до крај на првиот квартал годинава ќе биде објавена клиентска апликација и веб-портал за компании кои немаат сопствени системи, а до крајот на вториот квартал годинава ќе биде пуштен продукциски сервер и ќе следува постепен премин кон целосна имплементација.

Како што појасни Петрова, системот што го градат е државен и централизиран и функционира без посредници. Компаниите ќе комуницираат директно со УЈП, во реално време. Овој модел е усогласен со современите меѓународни стандарди и со ОЕЦД концептот Tax Administration 3.0, и обезбедува поголема безбедност, транспарентност и ефикасност.

– Функционално, системот овозможува е-фактурата да се креира, електронски да се потпише со квалификуван дигитален сертификат и автоматски да се валидира. По успешната валидација, фактурата добива единствен идентификатор – еИД, кој е моментот на нејзина правна важност. Без еИД – фактурата нема да важи. И издавачот и примачот добиваат нотификација во истиот момент, рече Петрова.

На новинарско прашање, Петрова појасни дека тестирањето се планира да се заокружи до крај на третиот квартал годинава и оти задолжителната примена ќе биде дефинирана во законско решение што ќе го изготви Министерството за финансии.

Осврнувајќи се на придобивките директорката на УЈП посочи дека со електронските фактури се добива навремен пристап до структурирани податоци за деловните трансакции. Со автоматизирана вкрстена проверка на податоците, наведе таа, просторот за даночни злоупотреби, фиктивни фактури и непријавени приходи значително се намалува. Исто така, е-фактурата создава дигитална трага за секоја трансакција. Тоа носи поголема транспарентност, намалување на неевидентираните активности и можност инспекциските служби да работат таргетирано, врз основа на реални ризични сигнали, а одредени даночни контроли на терен да се заменат со автоматизирани контроли и канцелариски контроли. 

– Системот овозможува побрзо следење на прометот, навремено утврдување на точните даночни обврски и пократки административни процедури. За државата ова значи подобра предвидливост на буџетските приливи и поквалитетно фискално планирање, појасни Петрова.

Според министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска, новиот електронски систем ќе ги замени традиционалните процеси поврзани со обемна употреба на хартија и физички документи. Со тоа, посочи министерката, го намалуваме административниот товар и го поедноставуваме работењето на фирмите.

– Дигитализацијата и ослободувањето од бројни административни обврски ќе им овозможат на компаниите своите ресурси да ги насочат кон клучните аспекти на нивниот развој и раст. Со Е-фактурата ја правиме економијата пофер, потранспарентна и поотворена за инвестиции, а конкуренцијата ја подигнуваме на повисоко ниво. На овој начин обезбедуваме фер услови за работа и основа за одржлив економски раст, кој директно придонесува за подобрување на животниот стандард на граѓаните. Од друга страна, за државата, Е-фактурата ќе овозможи поефикасна наплата на даноците, заснована на точни и реални податоци, како и поцврста и попрецизна борба против сивата економија, рече Димитриеска Кочовска.

Воведувањето на е-фактурата, дополни таа, е дел од системскиот пристап на Владата во справувањето со неформалната економија – пристап кој ја зголемува транспарентноста и ја зајакнува довербата меѓу даночните органи и деловната заедница. 

Во Министерството за финансии почнати се и активности за воведување нов механизам за независна и објективна проверка на примената на даночната регулатива во конкретните даночни постапки.  – Треба да биде воспоставен до крајот на првата половина од годинава и да се обезбеди правичен и фер однос, сигурност за даночните обврзници,  оневозможување субјкетивизиам во одлучувањето на даночните инспектори и намалување на споровите кои се разрешуават во судски постапки, најави министерката за финансии.

МИА

Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:е-фактуранаплатасивата економија
Претходен напис (ВИДЕО) Пилот проект е-фактура
Следен напис Магла на патот Лисец – Попова Шапка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?