Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна садењето лути пиперки во струмичко Банско
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна садењето лути пиперки во струмичко Банско
Агровести

Почна садењето лути пиперки во струмичко Банско

Објавено 03/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Почна садењето на лути пиперки во пластениците во струмичко Банско со што се означува почетокот на производство на оваа градинарска култура, која стасува кон крајот на февруари и почетокот на март и е меѓу првите кои се нудат на пазарот од годинашната реколта.

Заради затоплувањето на пластениците со топла вода од термалните извори во близина на селото, производството стасува порано и е поисплатливо од другите начини на раноградинарско производство за кои се користат други извори на затоплување.

-Од крајот на минатиот месец се засадува лутата пиперка во пластениците. Со берба треба да почнеме на почетокот на март и се надевам дека ќе бидеме задоволни од цената и пласманот, како што беше и ланската производствена сезона, но очекувам и трговците годинава да бидат коректни и навреме да го плаќат откупеното, информира Даме Тренчовски производител на лути пиперки.

Според него, годинава производството ќе биде помало во споредба со лани, бидејќи се намалува бројот на земјоделците и површините на кои се одгледува лута пиперка, но и заради иселувањето од овој крај.

-Досега секоја година се зголемуваше производството, но годинава лутата пиперка ќе ја дели судбината на други градинарски култури чие производство од година во година се намалува, смета Тренчовски.

Деновиве во Струмичко интензивно се расадува и пролетната зелка во пластениците, иако одредени сорти од неа заради климатските приспособувања се одгледуваат во текот на целата година. Според производителите, зелката ќе биде засеана на незначително поголеми површини од лани. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бансколути пиперкиПочнасадењетострумичко
Претходен напис Најстудено во Берово, во Охрид најтопло
Следен напис Повик за ангажирање на експерти за обезбедување експертска помош и советодавни услуги за корисници на грант
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?