Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна обновата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во Струмица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Почна обновата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во Струмица
Рурален Развој

Почна обновата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во Струмица

Објавено 14/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со поставување израмнителен слој асфалт денеска почна реконструкцијата на делница од регионалниот пат меѓу селата Робово и Муртино во должина од 3,5 километри. На почетокот на работите увид оствари министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој истакна дека реконструкцијата на овој патен правец е од големо значење за граѓаните во овој регион, кој е многу користен и фреквентен.

Според него, прв пат од изградбата на овој патен правец во 1974 година се врши реконструкција и притоа е направена нова категоризацвија на патот и од локален е категоризиран во регионален.

Фото/Facebook

-Вредноста на чинење на овој патен правец е 48 милиони денари и е многу значајна инвестиција. Би сакал да спомнам уште еден проект-тоа е проектот за фекална и атмосферска канализација во селото Градско Балдовци. Имаше една неуспешна постапка за избор на изведувач, но во наредните денови по втор пат ќе ја распишеме оваа постапка со цел да почнеме со реализација на овој проект во Општина Струмица, инвестиција која чини преку 80 милиони денари, рече министерот Бочварски.

Тој информираше дека имал средба и со градоначалникот на Ново Село, каде бил потпишан меморандум за изградба на три улици, а досега се реализирани 96 улици во 46 општини од овој проект.

Директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми најави дека набргу ќе почне целосната рехабилитација на патот Струмица-село Дабиле во должина од 3 километри и тоа е заедничка инвестиција на Општината и претпријатието.

Фото/Facebook

-Веќе е завршен проектот за патот Струмица-Валандово до спој со патот А1 и во тек е подготвка на проектна документација за патот од Струмица до границата со Република Бугарија, инофмрираше Рустеми.

Директорот на ЈП „Македонија пат“, Костадин Ацевски, пак, укажа дека ова е втор патен правец во овој регион кој се реконструира и рехабилитира, а во наредниот период ќе се подготви програма за реконструирање и на други патни правци.

Градоначалниците на Струмица, Костадин Костадинов и на Босилово, Ристо Манчев го искажаа задоволството од соработката со Владата и надлежните јавни претпријатија од изградбата на овој патен правец и инвестициите за решавање на други инфраструктурни проблеми.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:благој бочварски
Претходен напис Кризата со млеко во Србија продолжува – Жители на Врање одат по млеко во Македонија
Следен напис Николовски: На барање на Ветеринарната Комора и АХВ одржавме работен состанок на кој разговаравме за намалување на стапката на ДДВ на ветеринарните услуги од 18% на 5%
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?