Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна бербата на кривогаштанската пиперка за ајвар, цените за откуп допрва ќе се знаат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почна бербата на кривогаштанската пиперка за ајвар, цените за откуп допрва ќе се знаат
Агровести

Почна бербата на кривогаштанската пиперка за ајвар, цените за откуп допрва ќе се знаат

Последна измена: 29/08/2023 13:24
Сподели
4 мин. за читање
Сподели

И, официјално започна бербата на пиперката „куртовска капија“ во Кривогаштанско, една од најквалитетните во државата за ајвар во Општина Кривогаштани, во чест на една од најзначајните земјоделски култури која е во основата на стопанството, востанови и Фестивал.Производителите очекуваат откупната цена  да биде од 50 до 60 денари за килограм од прва класа. Во поглед на климатските промени оваа година е намалено производството за 30-тина отсто, иако високиот квалитет е задржан.

-Познатата кривогаштанска пиперка се произведува 50-тина години, со оглед на тоа што традициите на производство на пиперки се многу постари. Се пласираше на сите пазари ширум поранешните ју-републики. Сега се стеснети пазарите, но благодарение на преработувачките капацитети што се отворија кај нас, пиперката ја произведуваме во поголеми количества и ја има. Квалитетот е убав, еве почна бербата и секој што има намера да приготвува ајвар, може да почне. Тешко е да се каже за цената, но околу 50 до 60 денари треба да биде за прва класа. Ако се намалуваат лужето се намалува и производството, објаснува производителот на пиперки од кривогаштанско, Зоран Манески.

-Кривогаштанската пиперка е многу барана и во земјава и во Европа. Квалитетна е, се произведува во еколошки чиста средина. Се произведуваат: ајвар, пинџур, малиџано… Најпозната е „капијата“, вели производителката Снежана Бојческа.

-Уште не е формирмирана цената на кривогаштанските пиперки за ајвар, но очекуваме да постигне добра цена за килограм. Производството е намалено поради временските промени. Во споредба со лани, количествата се намалени за преку  30 отсто. Освен временските услови, влијае и иселувањето на младите, зашто нема кој да работи, смета Благојче Дивјакоски, производител.

Преработувачката индустрија уверува дека пиперката и преработките од неа се извезуваат во цел свет и се меѓу најбараните. Инаку, од оваа индустрија велат дека лани од конзервираните производи од државава што се извезве, а во кои значаен дел имаат преработките од пиперката, оствариле девизен прилив од околу 80 милиони евра.

-Пиперката „куртовска капија“ што се произведува во Кривогаштанскиот регион е една од најквалитетните и најпозната не само во земјава, туку и во странство. Нашата фирма произведува ајвар исклучиво од оваа пиперка. Можам да се пофалам дека нашиот ајвар е еден од најпродаваните во Америка. Исклучиво работиме за извор. Моментално извезуваме во 15 до 20 држави во светот и секоја година тие количевства се зголемуваат. Годишно извезуваме околу 500 000 тегли, објаснува Бранко Петрески, стопанственик со фирма за преработка.

Иницијатори за воспоставување Фестивал на пиперката во Кривогаштани се: невладиното здружение „Лаг Агролидер“ од Прилеп и Општина Кривогаштани за да се нагласат традицијата и културата од Регионот.

-Одамна е промовирана идејата за  општина Кривогаштани со нејзиното препознатливо производство, на пиперката. Ова е прв фестивал за време на почетокот на бербата на пиперката за ајвар и зимници. Ваква манифестација  ги промовира културата и традициите на Кривогаштани, рече Марина Тошеска од невладиното здружение „Лаг Агролидер“.

-За првпат Кривогаштани организира фестивал на пиперката. Целта ни е да направиме промоција на традицијата и културата во Кривогаштани, но и промоција на агросекторот, смета Николче Мојсоски, градоначалник на Кривогаштани.

МИА

Може да ви се допадне

Наскоро субвенции и за производителите на пченица и јачмен, најави директорот на Платежната агенција
Царинска управа: На Богородица и Меѓународен аеродром Скопје спречени обиди за шверц на цигари и тутун, над пет илјади алатки за тетовирање
Во првиот квартал за 4,8 проценти намален прометот од продажба на услуги, зголемување во одделот Туристички агенции и туроператори
ЕК и изрече на Грција казна од речиси 400 милиони евра поради злоупотреби со земјоделските субвенции
Состојба на патиштата
Таг:ајварбербатаоткуппиперкацени
Претходен напис Од полноќ дизелот поскап за денар ипол, цената на бензините се намалува
Следен напис Дезинсекција во Тетово по третпат во петок
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?