Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Субвенции

Почна аплицирањето за субвенции за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Објавено 30/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сите земјоделци кои од 26 декември 2020 година до 25 декември годинава произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска до 25 декември ќе може да аплицираат за добивање субвенции преку мерките 1.6 и 1.8.

Право на користење на овие дополнителни директни плаќања имаат сите што оствариле производство на градинарски или овошни култури и ги предале во регистрирани преработувачки капацитети.

Висината на поддршката е три денари по килограм произведен и предаден зеленчук или овошје за преработка

Аплицирањето е електронски, со најава на веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, во полето „директни плаќања, е – барање“. Според Агенцијата, сите баратели во прилог на барањата, потребно е да достават и потврди издадени од регистрираниот преработувачки капацитет во кои јасно ќе бидат наведени предадените количини.

-Системот е веќе во функција и може да се аплицира. Краен рок за поднесување на барањата е 25 декември 2021 година. Сите земјоделци кои имаат проблем или не знаат сами електронски да поднесат барања, за помош може да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ. Сите баратели при поднесување на апликациите треба да внимаваат на точноста на наведените податоци во апликацијата. Доколку барателот увиди дека при поднесување на барањето направил некаква грешка, може да го повлече и во рок од 30 дена да направи корекција, вели директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски. Потребната документација може да се симне од веб страницата на АФПЗРР, во делот директни плаќања, и обрасци.

Може да ви се допадне

Европска математика за македонскиот аграр: Колку субвенции би имале земјоделците да сме денес членка на ЕУ
Се крои буџетот за субвенции во ЕУ: Европскиот аграр пред историска реформа
ЈАВЕН ПОВИК бр.04/2026: 360.000 денари за АКТИВЕН ЖЕНСКИ ЧЛЕН во семејството
За „зелена нафта“ вкупно 9.5 милиони евра, еве колкав е износот по култури
Земјоделците и сточарите повторно го блокираа патот Прилеп–Битола: Бараат исплата на субвенциите и поголема поддршка
Таг:субвенции
Претходен напис Засадени околу 1200 аризонски чемпреси на ридот над Усје
Следен напис Министерството за земјоделство подготвува Закон за задолжително осигурување во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?