Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Почина Менде Ивановски, земјоделецот кој се залагаше за здружување на земјоделците во задруги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Почина Менде Ивановски, земјоделецот кој се залагаше за здружување на земјоделците во задруги
Агровести

Почина Менде Ивановски, земјоделецот кој се залагаше за здружување на земјоделците во задруги

Објавено 15/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Менде Ивановски беше претседател на македонската асоцијација на земјоделски задруги во државата, како и претседател на управниот одбор на земјоделската задруга „Ресгруп“ од с. Волкодери, Ресен.

Ивановски беше поборник за здружување на земјоделците во задруги, кои овозможуваат поголема конкурентност, пристап до пазарите, поголем профит, намалување на производните трошоци и друго.

– Земјоделците треба да знаат дека само здружени и преку форми на задруги може да имаат решение за нивните проблеми околу пласманот на производите. Сѐ уште кај нив влијае искуството од порано во времето на СФРЈ и како функционираа задругите тогаш, но сепак се трудиме да го надминеме ова размислување – рече Ивановски во интервјуто за Агротим во 2020 година.

No photo description available.

Ивановски сметаше дека токму затоа треба да се влијае на свеста на задругарите за бенефитите кои ги имаат при користење на заедничката механизација, здружување на работната сила, заедничко аплицирање за грантови и државна помош, окрупнување на земјoделските површини, користење на стандарди во производството, пристап до поголемите трговски синџири и разни други заеднички активности.

– Во свеста на нашите земјоделци се уште има бариери за следење и примена на принципите на задругарството. Мора да си признаеме дека големо влијание има недоволната информираност и потребата од едукација за да се надмине тој отпор кон земјоделските производители да станат активни членови на задругите. Тие имаат многу дилеми, профитабилноста, начинот на финансирање, какво е нивното функционирање, која е нивната улога и одговорност – се зборовите на Ивановски.

May be an image of 13 people, people standing and outdoors

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:менде ивановски
Претходен напис Предлог-програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој ќе се разгледува на денешната седница на Владата
Следен напис Глобалните цени на суровините и храната растат со најбрзо темпо во последниве 27 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?