Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По патот на винските скалила во Тиквешкиот регион
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > По патот на винските скалила во Тиквешкиот регион
Рурален Развој

По патот на винските скалила во Тиквешкиот регион

Објавено 31/03/2021
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе од 6000 години е долг патот на виновата лоза од далечната Грузија, винска приказна која длабоко е навлезена во духовната, но и во световната култура.

Историјата на Тиквешкиот регион е токму лозарството и производството на вино, а овој факт логично доведува до појава на вински туризам, кој како селективна форма на туризмот е сè популарен во светот.

Според истражувањата, просечен вински турист е човек со високо образование на возраст од 45 до 50 години, економски независен. Се работи за луѓе на кои не им е цел само пиење вино, туку желба преку винскиот туризам да го запознаат крајот од каде што доаѓаат, неговите луѓе, културата и историјата. Една од понудите за развој на винскиот туризам покрај другите се и музеите на вино, културни места кои имаат за цел да ја претстават традицијата и врвните достигнувања во производство на вино.

За таа цел во далечната 2008 година нашата земја го доби првиот музеј на виното во Неготино. На изненадување на многумина и огромно задоволство и благодарност до фондацијата „Тиквешки вински пат“, се реализираше ваквиот проект со финансиска помош од владата на Италија.

Инвестицијата тогаш изнесуваше 90.300 евра, од кои 60.300 евра беа донација на италијанската влада, а останатите 30.000 евра беа обезбедени со кофинансирање од општински средства и дел од фондацијата „Тиквешки вински пат“.

Музејот на вино во Неготино вусшност беше и првата институција од ваков вид во земјава од кој се очекуваше да биде поттик за развојот на винарството и лозарството, алтернативниот туризам во неготинскиот регион, но и пошироко.

No description available.

Тогашниот италијански амбасадор во земјава, Донатино Маркон, изјави дека музејот е со особена важност бидејќи Италија како земја со најголемо производство на вино ги цени македонските вина.
Во музејот беа изложени бројни артефакти, дрвени садови кои се користеле за вино, како и вината на бројни винарии од регионот. Директорката на фондацијата „Тиквешки вински пат“, Виолета Јанкова, за Агротим.мк вели дека фондацијата се занимава со развој на винскиот туризам и други форми на рурален туризам и од нивните бројни патувања во странство и контакти со колеги имале можност да видат повеќе вински музеи во светот, па така и дошле до идеја за негово отворање кај нас.

„Во соработка со тогашниот градоначалник на Неготино беше отворен првиот музеј за вино и само во првите три месеци од отворањето имаше над 3.000 посетители. За жал поради промени на општинско ниво, политички структури и нивни лични недоразбирања, овој музеј не продолжи со своите активности како на почетокот. Се надевам дека некој во иднина ќе се потруди да го заживее ова место, зашто поставките сè уште стојат, но за жал нема активности за негова промоција“, смета Јанкова.

Јанкова информира дека во моментов при крај е реновирањето на простор со површина од 700 м2 во Росоман како прв центар за рурален развој и вински туризам во Македонија, кој ветува многу за Тиквешкиот регион.

Две години подоцна и во Демир Капија е отворен Музеј за вино, кој на самиот старт на отворањето предизвика огромен интерес за вистинската приказна за железната порта, а посетителите да научат нешто повеќе околу винските патишта.

No description available.

Овде може да се види бокал за вино за потребите на италијанската аристократија изработен од мајолика во Милано во втората половина на 19 век, рачно декориран, чаша за вино изработена од дуван кристал во Чешка со рачно изгравирана претстава на елен, користена е во ловните куќи на австриската аристократија.

No description available.

Кристален пехар за вино изработен за потребите на дворот на Марија Терезија во Чешка, рачно изгравиран, користен при лов на имотот на кралицата. Кралско шише, шише од проѕирно стакло произведено во Италија за потребите на кралската визба во Демир Капија, автентично со втиснат грб на кралското семејство Караѓорѓевиќ и во него е полнето вино од 1933 г и бројни други експонати од различни временски периоди.

No description available.

Проект-менаџерот на Музејот на вино Демир Капија, Звонимир Будимировиќ за Агротим.мк вели дека музејот предизвикува огромен интерес кај посетителите.

„Морам да кажам дека од отворањето досега Музејот за вино го посетиле над 12.000 домашни и странски туристи. Најголема посетеност имавме од организирани туристички групи од Холандија, но пандемијата со коронавирусот си го направи своето и посетеноста овој период е сведена на минимум. Имавме туристи речиси од цел свет, од Кина, Јапонија, Малезија, Канада, Америка, Австралија, а имавме и една група од Египет. Секако дека имавме и посетители од нашите соседи Срби, а минатата година и за време на пандемијата имавме групи од Хрватска, Израел, Романија, Бугарија и секако домашни туристи“, вели Будимировиќ.

Вели дека посетата на музејот за овие три месеци од почетокот на годината е драстично падната, односно досега имале само петнаесетина посетители.

„Најмногу туристите ги привлекува винската галерија и сè што е изложено во неа, доказ за тоа е што во книгата за впечатоци во Музејот посетителите оставаат преубави коментари за сè она што имале можност да видат овде“, објаснува проект-менаџерот Будимировиќ.

No description available.

Промоцијата на винскиот туризам во Тиквешијата продолжува со Кавадарци, каде што на виното му е посветен уште еден атрактивен простор.
На 7 септември лани во градскиот парк во Кавадарци официјално започна со работа регионален вински музеј, каде што низ неколку поставки е претставена историјата на регионот во производство на грозје и вино. Посетителите овде можат да видат апарат за мерење на шеќерност во виното од 1534 година, т.н фрижидер-ледара од 1934 година, во кој своевремено се носел лед од таканаречените ледари од месноста Мечкин Дол кај Кавадарци.

No description available.

Самата поставка, односно изложбениот простор, кој е некаде околу сто метри квадратни, е всушност едно сведоштво за културниот развој на Кавадарци. Инаку, винскиот музеј за регионот Тиквеш во месец февруари го посетиле 314 посетители.

No description available.



Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:музеј за вино
Претходен напис Владата одобри Меморандум за соработка за изградба на автопатски делници од Коридорите 8 и 10
Следен напис (Видео+фото) Машините на „Фимакс“ во „Хемометал“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?