Агенцијата за финансиска поддршка денеска го објави јавниот повик за субвенционирање на каматна стапка
Корисници на помошта за субвенционирање на каматна стапка се физички и правни лица корисници на финансиски средства од ИПАРД 2 програмата.
Помошта е наменета за кредити кои имаат годишна каматна стапка во висина до 8% на годишно ниво, кои се исклучиво пласирани од банки и штедилници со дозвола за работа од Народната банка на Република Северна Македонија за период до 10 години.
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
