Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Платежна агенција го најави повикот за Мерка 7 од ИПАРД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Платежна агенција го најави повикот за Мерка 7 од ИПАРД
АгровестиФондови

Платежна агенција го најави повикот за Мерка 7 од ИПАРД

Објавено 02/10/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известуваат сите заинтересирани правни и физички лица дека во четврт квартал од 2024 година ќе се објави Јавен повик за доставување на барања за користење на финансиски средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма за периодот 2021-2027 година).


Целта на ИПАРД Програмата 2021-2027 е преку соодветни мерки за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се подобри конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор, преку нивно усогласување со стандардите на Европската унија, како и постигнување на одржлива животна средина и социо-економски развој на руралните средини преку поттикнување на економската активност и зголемување на можностите за вработување.
Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2024 година се наменети за следната мерка:


-Алтернативно земјоделско производство

– Преработка на алтернативни земјоделски производи

-Производство на храна и пијалаци

-Поддршка на занаетчиски активности

-Поддршка на услуги за руралното население, само следните подсектори:

-Услуги за престој и нега (домови за стари лица, за рехабилитација, итн.)

-Услуги за дневно згрижување на деца

-Поддршка на услуги во земјоделството, само следниот подсектор:

-Воспоставување и унапредување на ветеринарните служби

-Поддршка на руралниот туризам

Јавниот повик ќе трае 45 дена сметано од денот на објавување во дневните весници.

👉За повеќе информации и изготвување на апликации испратете e-mail на 📧[email protected] или јавете се на телефонскиот број: 📞070 267 789.


Може да ви се допадне

Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
Таг:ипардмерка 7северна македонијафизички лицафондови
Претходен напис Министерот Муртезани ја потпиша Спогодбата за финансирање на ИПА 2024 Годишната акциска програма
Следен напис ЦУК: Вкупно 1 727 повици на 112, осум пожари на отворено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?