Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Планот за есенската сеидба во поширокиот велешки регион реализиран 100 отсто, посевите добро напредуваат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Планот за есенската сеидба во поширокиот велешки регион реализиран 100 отсто, посевите добро напредуваат
Агровести

Планот за есенската сеидба во поширокиот велешки регион реализиран 100 отсто, посевите добро напредуваат

Објавено 01/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците во поширокиот велешки регион, во кој се вклучени Општина Велес, Градско и Чашка, во есенската сеидба засеаја житни култури – јачмен на околу 4 илјади хектари, пченица на околу 900 хектари, р’ж на околу 150 хектари, тритикале на 70 хектари, и фуражни култури – сточен грашок на 30 хектари, со што предвидениот план е  реализиран 100 отсто, информира за МИА Зоран Наковски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Велес. Додаде дека последните врнежи поволно влијаат на есенските посеви кои добро напредуваат.

-Есенските посеви се во добра состојба како резултат на поволните агро-еколошки услови. Има доволно влага во почвата и поволни температури, кои поволно влијаат врз развојот на есенските посеви. Оние житни култури кои беа посеани во оптималниот рок се потполно избратени-разгранети стебленцата  и добро напредуваат, а оние кои се  подоцна посеани се во фаза од еден до три листа, оцени Наковски.

Тој потенцира дека штом се создадат услови земјоделците треба веднаш да почнат со првото прихранување на посевите со азотни ѓубрива. Воедно, и штом дозволат условите, земјоделците да се подготват и за пролетната сеидба.

Споредено со 2019 година, лани се зголемени површините на засеан  јачмен, кои во 2019 година  беа на  2.898 хектари, а незначително намалени се кај пченицата која тогаш беше застапена на 1.125 хектари. Тритикале  преклани беше  засеано на околу  300 хектари, а фуражните култури биле исто застапени на 30 хектари.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:велешки регионпосевисеидба
Претходен напис АГРОТИМ кампања за договорно производство на ПЧЕНКА: Прва трибина – четврток во Битола
Следен напис Иницијативниот одбор на тутунарите бара поголема динамика на откуп и средба во Министерството за земјоделство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?