Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Пивара“ Скопје со двојно поголем инвестициски план за следните две години
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Пивара“ Скопје со двојно поголем инвестициски план за следните две години
Агровести

„Пивара“ Скопје со двојно поголем инвестициски план за следните две години

Објавено 01/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Пивара“ Скопје денеска ги промовираше новите деловни простории кои се дел од новиот двојно поголем двегодишен инвестициски план на компанијата. Овие простории ќе бидат отворени и за заедницата, посебно за младите луѓе.

На новиот деловен простор е работено во изминатите две години и според менаџментот на компанијата, новите простории ќе бидат поттик за вработените да работат креативно и тимски и во иднина.

Во компанијата веќе е започнат инвестициски циклус во вредност од околу 13 милиони евра, кој е насочен кон модернизација на производните капацитети со најсофистицирана технологија. Во следниот период, компанијата ќе вложува и во заштита на животната средина, особено во програми за справување и складирање на отпадот.

– Особено сме горди што овие простории ќе бидат отворени и за заедницата, особено за младите. Покрај веќе познатите наши програми како што е програмата за зајакнување на знаењата и вештините на младите луѓе и програмата за летна практика, планираме да иницираме и нови програми, кои ќе се фокусираат на веќе постоечкиот голем потенцијал во земјава за креативност и иновации – истакна генералниот директор на „Пивара”, Горан Сладиќ на денешната промоција на новите простории.

Ваквите инвестиции, според премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на промоцијата, се одлична вест за домашната економија и потврда дека во државата има стабилна и предвидлива бизнис средина.

– Одлуката на „Пивара“ за нови инвестиции, но и на останатите компании кои ги посетив изминатиот период е најдобар показател дека направивме многу за да се обезбеди стабилна, предвидлива и поволна деловна клима. Тоа ги охрабрува инвеститорите и компаниите да инвестираат во својот развој, во креирање на уште подобри услови за своите вработени, во зголемување на нивната благосостојба и во креиарање на услови за вработување на младите за да може да ја градат својата иднина во татковината – рече Заев.

Тој упати порака до бизнис секторот дека може да смета на поддршката од Владата и да не се двоуми да вложува во земјава.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пивара
Претходен напис Водителката Ирена Спировска на Јаболкобер
Следен напис Диви свињи ја нападнале пејачката Шакира додека се шетала со син ѝ во Барселона
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?