Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пита со сирење, шунка и шери домати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пита со сирење, шунка и шери домати
Магазин

Пита со сирење, шунка и шери домати

Објавено 08/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одлична комбинација од сирење, шунка и домати во тесто – состојки типични за традиционално предјадење. 

         Состојки:

        Тесто:

  • 240 грама брашно
  • 120 грама ладен путер
  • 1/4 лажичка сол
  • 60 грама рендан пармезан
  • 60 мл ладна вода и едно јајце за премачкување.
    Фил:
  • 4 лажици кисела павлака
  • 2 јајца
  • 200 грама рендан кашкавал (што добро се топи)
  • 100 грама шунка 
  • 6–10 шери-домати
  • 60 грама фета-сирење

Подготовка:

 Направете го тестото со мешање на брашното, солта и пармезанот; потоа додадете го исецканиот путер и темелно втријте го во брашното. Работете брзо за да не се растопи путерот. Откако парчињата путер ќе достигнат големина на грашок, полека додадете ладна вода и месете додека се формира грубо тесто. Притиснете го со дланките и обликувајте го во круг. Завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер 30-60 минути.

Подгответе го филот. Пресечете ги доматите на половина, издробете го фета сирењето и исецкајте ја шунката. За филот, изматете ја павлаката и јајцата, а потоа додадете го ренданиот кашкавал. Оставете сè настрана додека го развлекувате и обликувате тестото за пита.Тестото развлечете го на набрашнета површина со големина 25 см x 35 см. Префрлете го на хартија за печење во тавче за печење.

Премачкајте го работ со изматено јајце и избоцкајте ја основата од тестото со вилушка, а потоа рамномерно распоредете го филот врз неа. Додадете ја сецканата шунка, издробеното фета сирење и шери доматите исечени на половинки. Печете ја питата во рерна претходно загреана на 200°C околу 20 минути. Ако почне премногу брзо да поруменува, малку намалете ја температурата и покријте ја со фолија. Оставете ја питата да се олади 5-6 минути пред сервирање.

МИА

Може да ви се допадне

Домати полнети со зеленчук и кускус
Крофни од рерна
Пченкарен ослич
Ладна салата со тестенини и пилешко
Полнет модар патлиџан со зеленчук
Таг:Питашунка
Претходен напис АМСМ: На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Следен напис Цените на нафтата скокнаа по американските напади врз Иран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?