Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пет видови зеленчук што можат да се садат кон крајот на летото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Пет видови зеленчук што можат да се садат кон крајот на летото
Растително производствоСовети

Пет видови зеленчук што можат да се садат кон крајот на летото

Објавено 10/08/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Август е неверојатен месец за зеленчуковата градина. Летните култури нè преплавуваат  со својот богат род, а ние сè уште можеме да садиме и други видови на зеленчуци. Многу зеленчуци можат да се садат кон крајот на летото, а ние ви даваме информации за првите пет, со кои ќе постигнете одлични резултати.

Моркови

Морковите во вашата градина  можете да ги садите на секои три недели. Совршено време да се започне со садење е крајот на јули и почетокот на август, што на семето му дава најдобра шанса да даде богат род на есен. Сепак, имајте на ум дека ако ги оставите во земјата, ќе преовладува нивната двегодишна природа. Врвовите ќе цветаат, а семе ќе произведат дури следната година.

Семето од морковите посадете го  на растојание од околу  8-10 см. Не заборавајте редовно да ги копате и да ги наводнувате, а не заборавајте да вклучите и прихрана.

Брокули

Брокулата може да се сади околу 85 дена пред првиот есенски мраз. Погледнете кога во последните неколку години се појавувал првиот мраз во вашата област (сигурно има податоци за тоа на Интернет), и тоа ќе ви помогне временски  да се ориентирате. Ако не сте сигурни, средината и крајот на август е временски период за кој сигурно нема да згрешите.

Три недели по садењето на брокулите задолжително треба да ги прихраните и да ја одржувате влажноста на почватa. Кога наводнувате, направете го тоа во близина на коренот, односно внимавајте круните на растението да останат суви.

Спанаќ

Ако садите спанаќ кон крајот на летото, побарајте место со многу сонце или шарена сенка. Ако почвата е доволно ладна, првата половина на август е одлично време да се засади спанаќ за да се постигне есенска берба. Задолжително проверете дали почвата има добра дренажа.

Доколку сакате да имате пролетен спанаќ и  следната година, прилагодете го садењето за крајот на август до почетокот на септември и не заборавајте да ги заштитите младите растенија од зимскиот мраз.

Ротквици

Семето од ротквици засадете го на место во градината каде што има сонце. Водете сметка  дека почвата треба да биде растресита, да има добра дренажа и да биде постојано влажна, односно да не се фати кора на површината.

Ротвиците можете да ги садите  сукцесивно на секои две недели.

Кромид

Кромидот е прилично издржлив кога станува збор за постудено време, што го прави совршен за садење кон крајот на летото. Почвата треба да биде растресита, добро дренирана и богата со азот.

Редовно користете ѓубриво, така што кромидот ќе биде редовно прихранет,а престанете да додавате ѓубрива кога главиците ќе почнат да излегуваат од земјата. Обрнете внимание на наводнувањето, особено за време на сушниот период, бидејќи тоа ќе го направи кромидот здрав и убаво ќе напредува.

Извор: Агросавјет

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:Градинарствозеленчук кој се сади во августзеленчукова градина во августсовети за градината
Претходен напис Следува постабилно време – иако не се исклучува можноста за изолирана нестабилност во попладневните часови
Следен напис Месото на пилињата хранети со алги и ларви има подобар вкус од оние што јаделе соја?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?