Ако сте еден од среќниците чии домати не изгореа од високите температури или сушата, а на стеблата останале зелените плодови, постојат неколку начини како да го забрзате нивното созревање.
Тие престануваат да растат и да напредуваат кога температурите ќе паднат на околу 10°C. Сепак, пред нас се се уште доволно сончеви и топли денови кои можат да им помогнат да дозреат.
Еве 5 начини како да го направите тоа:
-За да го забрзате овој процес, отсечете ги сите цветови и мали плодови. Ова ќе биде сигнал за растението да ја насочи целата своја енергија во созревањето на остатокот од плодовите.
-Отстранете ги долните листови за да го подобрите протокот на воздух, постапка која спречува и развој на болести.
-Намалете го наводнувањето и не им ставајте повеќе ѓубриво.
-Во случај да следат ниски температури, особено околу 2°C и пониски, оберете ги сите зелени плодови што можете да ги искористите за подготовка на сосови.
Дали ви останаа многу зелени домати? Еве што можете да направите:
Завиткајте ги во хартиена кеса или весник. За да го забрзате процесот на дозревање, можете да ставите јаболко во кесата, кое ослободува етилен и ќе помогне побрзо да поцрвени. Проверете ја состојбата за да не се расипат..
Што е со растенијата по бербата?
Откако ќе ги соберете сите плодови, искорнете ги или исечете ги растенијата над корените, кои ќе останат гнијат во земјата.
Во случај доматот да бил нападнат од некаква болест, тогаш задолжително отстранете го целото растение и извадете го од градината. Габичните заболувања што ги напаѓаат можат да ја преживеат зимата и да го заразат родот следната година.
Ако биле вразни за колци, отстранете ги и нив, исчистете ги, дезинфицирајтеги и чувајте ги на суво место до следната сезона.
Агроклуб.ком
