Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пестициди во храната: Што покажа анализата на 12 прехранбени производи?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пестициди во храната: Што покажа анализата на 12 прехранбени производи?
АгровестиРастително производство

Пестициди во храната: Што покажа анализата на 12 прехранбени производи?

Објавено 03/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Европската агенција за безбедност на храната EFSA, го објави најновиот извештај за остатоци од пестициди во храната што најчесто се консумира во Европската Унија.

Во 2021 година биле собрани вкупно 87.863 мостри храна. Анализата на резултатите покажала дека 96,1 отсто од нив биле во рамките на законски дозволените нивоа.

Табела 1. Проценти од мострите со квантифицирани остатоци, над максимални нивоа (MRL) и неусогласени

Анализирани се примероците собрани по случаен избор од дванаесет прехранбени производи. За 2021 година тоа билe модри патлиџани, банани, брокула, култивирани печурки, грејпфрут, диња, слатки пиперки, трпезно грозје, девствено маслиново масло, пченица, говедска маст и јајца од кокошка.

Од примероците анализирани во координираната програма, било откриено дека 58,1 проценти немале нивоа на остатоци кои би можеле да се квантифицираат, а 39,8 проценти содржеле еден или повеќе остатоци во концентрации под или еднакви на дозволените нивоа (познати како максимални нивоа на остатоци или MRL). Во 2,1 отсто од мострите имало остатоци што ги надминуваат дозволените нивоа, односно во 295 примероци, од кои 184 примероци или 1,3 отсто биле неусогласени врз основа на несигурност при мерењето.

Табела 2. Потекло на примероците

Од анализираните примероци, 53,3 отсто биле домашни и 22,8 отсто од други земји на ЕУ, 19,6 отсто од трети земји и 4,3 отсто од непознато потекло. Слични стапки беа забележани и во 2020 година, освен за увозот од трети земји, кој се зголеми од 14 отсто во 2020 година на 19,6 отсто во 2021 година.

Табела 3. Број на примероци по пестицид наспрема целните примероци на EU MACP

Од истиот избор на производи се земаат мостри на секои три години, што значи дека може да се идентификуваат нагорни или надолни трендови. Врз основа на тоа, вкупната стапка со која остатоците од пестициди ја надминуваат MRL се зголемила од 1,4 отсто во 2018 година на 2,1 отсто во 2021 година. Кога од вкупната стапка ќе се издвои грејпфрутот, нема отстапувања. Затоа, во 2021 година, земјите членки привлекоа внимание на поголемото присуство на остатоци од пестициди во грејпфрутите увезени надвор од ЕУ, а истата година Европската комисија ги зголеми граничните контроли.

Табела 4. Резиме на наодите на мострите од Македонија

Извештајот сугерира дека е малку веројатно прехранбените производи анализирани во 2021 година да предизвикаат загриженост за здравјето на потрошувачите. Сепак, извештајот вклучува голем број препораки за зголемување на ефикасноста на европските системи за контрола на остатоци од пестициди.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:EFSAпестициди во храната
Претходен напис Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи
Следен напис Со помош на ЕУ до побезбеден авантуристички туризам во Охридскиот регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?