Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање
Агровести

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

Објавено 17/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините, по првиот пресек на пристигнатите апликации, ја формира првичната база од 170 експерти и практичари, со што се поставува силна основа за навремена, стручна и таргетирана поддршка на општините во решавање на конкретни локални предизвици – истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Појасни дека со тоа базата на експерти е ставена во функција, а општините можe, во согласност со своите потреби, да користат професионална поддршка во разни области.

Областите на потребна експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, опфаќајќи сектори што имаат значајно влијание врз функционирањето на локалната самоуправа, подобрувањето на услугите кон граѓаните и креирањето стратешки решенија за долгорочен развој.

Воедно, Министерството за локална самоуправа информира дека од денеска повторно го отвора јавниот повик за изразување интерес за вклучување во базата на експерти на Ресурсниот центар.

Повикот ќе биде континуирано отворен, со цел сите заинтересирани професионалци со соодветна експертиза и искуство да имаат можност да аплицираат и да се вклучат во базата на експерти придонесувајќи кон обезбедување квалитетна и навремена поддршка за општините.

Јавниот повик, заедно со сите информации за условите, критериумите и потребната документација за аплицирање, е достапен на следниот линк:

https://mls.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-povici/otvoren-javen-povik-za-izrazuvanje-interes-za-ucestvo-vo-bazata-na-eksperti-na-resursniot-centar-za-poddrska-na-razvojot-na-opstinite

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:експертиопштинитеперинскиПоддршка
Претходен напис Николоски: Директни летови од Охрид до Братислава и Милано, нови туристи и можности за економијата
Следен напис Вресокот како терапија за ослободување од стрес
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?