Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците
Агровести

Пензионерите ќе ги добијат пензиите пред празниците

Објавено 21/04/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата вчера го задолжи Фондот за пензиско осигурување до 23 април да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои пак им препорача да овозможат пензионерите да располагаат со своите средства од 26 април, односно пред велигденските и првомајските празници.

„Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец април 2021 година, и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2021 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со априлските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.04.2021 година“, информира владината прес-служба.

Готовинската исплата на пензии за клиентите кои не користат картички ќе се оствари во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата и тоа за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26 април (понеделник), за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27 април (вторник), за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28 април (среда) и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).

Со ова, нагласуваат од Владата, сите корисници на пензии ќе ги добијат своите средства пред првомајските и велигденските празници.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:априлвладапензииФонд за ПИОМ
Претходен напис Шестиот пакет мерки презентиран, финансиска помош за околу 10 000 компании и 60 000 вработени
Следен напис Времето денеска сончево со слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?