Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Печурката во велешко роди богато по обилните дождови, па цената падна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Печурката во велешко роди богато по обилните дождови, па цената падна
Агровести

Печурката во велешко роди богато по обилните дождови, па цената падна

Објавено 21/08/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве, печурките богато родија по велешките планини. Берачите една седмица неуморно се на терен да соберат што повеќе род. Се оди од рано утро, до зајдисонце. Се користи секој момент за да се собере што поголемо количество. Така е по минатонеделните изобилни врнежи, по кои како во народната поговорка, родот се појави „како печурки после дожд“. Ги има во регионот на Азот, село Лисиче, околу Ветерско, Рудник, Јаболчиште, Јасеново, Габровник, Ораов дол, таму каде има дабова шума.

„Големите количества дожд кои паднаа минатата седмица, создадоа голем род на печурки. Обилните врнежи, погодните температури, влијаеја на богатиот род. Доаѓаат цели семејства, огромен број луѓе. Се бере вргањ, кој не помнам дека го ималo во толкави количества како сега. Но за некој ден, со овие високи температури, ќе падне квалитетот на печурката и ќе нема откуп“, вели Ристо Димов, велешанец кој секоја година бере печурки.

Но ако печурката годинава ја има, цената паѓа. Ако пред десетина дена, кога печурката ја немало се откупувала за 170 денари за кило, сега е 100 денари. Но, некои откупувачи го прекинале откупот. И велешани и жителите од околните села масовно се по берење на печурки. Некои дневно можат да заработат и по 10 илјади денари. Изминатите денови, посебно викендот, бројни семејства биле по блиските планини, на берба. И од Богомила, Теово, Согле, луѓе со вреќи, со ранци, неуморно шетаат за да соберат што повеќе печурки.

„Некои откупувачи немаат капацитет за да го преработат големото количество што секојдневно се откупува. Толку многу печурка има, се бере дневно со тони. И некои откупни центри прекинаа, на други места печурката се откупува за 70 денари, што е многу ниска цена“, вели Никола Пановски, берач на печурки.

Музафер Бајазитов е еден од поголемите откупувачи на печурки во велешко, кој со оваа дејност се занимава од 1980.

„Годинава има богат род, што придонесе голем број лица да берат печурки. За жал откупната цена е ниска. Памтиме години кога таа беше далеку повисока, но годинава е така. Кога има голем род, има ниска цена“,  вели тој.

Во понеделникот, од велешкото шумско стопанство „Бабуна“ биле на терен, по околните планини, за да проверат дали берачите поседуваат дозвола за берење шумски плодови.

„Имаме издадено мал број дозволи. Сретнавме илјада луѓе во тој период од неколку часови, како берат печурки. Масовно се бере, само стотина лица имаа дозвола, останатите не. Не ни е целта да казнуваме, досега немаме пишано ниту една прекршочна или кривична пријава. А една дозвола чини 400 денари, за територија на цела држава. Одѕивот за издавање дозвола во Велешко е мал и незначителен. Нашата служба е на терен и ја следи состојбата и берачите“, вели Љубенка Попова, директорка на Подрачната единца на Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес.

Печурката се сече, не се корне, се чува во кошница не во вреќа, потенцира велешанецот Борче Гајдов, поранешен планинар, кој апелира до берачите на печурки, како да постапуваат.

„Не можеме, не смееме да ја оставиме природата на немилост на лица кои мислат само за себе. Нестручно се бере печурката. Се рекло носи пари и сите ајде на берење, а немаат основни познавања. Печурката не се корне, се сече со нож, се складира во кошница, а никако во вреќи како што некои работат. Сметката ја плаќа природата ама и ние со неа“, вели Гајдов, кој како голем љубител на планините по нив се движи од 1959 година.

Во прилог на оваа негова реакција се и апелите од жителите на селата, во чија околина се бере печурката.

Извор: сдк.мк

Може да ви се допадне

Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Германските земјоделци предупредуваат на можен недостиг на ѓубрива поради кризата на Блискиот Исток
ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
Таг:берачи на печуркивелешкопечуркицена на печурките
Претходен напис Детално метео: Продолжува стабилното и се потопло време – нова дестабилизација на самиот почеток од следната недела
Следен напис Акции за уништување на комарците во пелагониските општини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?