Електроинженерот Емир Хашимбеговиќ од Пријепоље, на еден сосема несекојдневен начин ги спои своите две големи љубови – електроника и пчеларство!
Иако на прв поглед звучи неверојатно, пронашол врска помеѓу овие две професии и по примерот на патент од Запад, конструирал GSM-SMS вага за мерење на приносите на мед кој пчелата го внесува во кошницата. Така, благодарение на пораките што ги добиваат преку мобилните телефони, пчеларите од Пријепоље се во постојан контакт со своите пчели кои им „даваат дневни извештаи“ за сработеното во текот на денот.
– „Тоа е дигитален уред кој ги следи приносите и губитоците на мед , па на сопственикот на кошниците автоматски му испраќаат СМС порака. Јас со пчеларство се занимавам од неодамна, но веќе знам дека на поискусните колеги, оваа информација им беше многу корисна, а особено во текот на неодманешната вонредна состојба, кога не беа многу во можност редовно да ги посетуваат пчеларниците“ – објаснува Емир.

Вели и дека знаел за постоење на слични уреди но одлучил да конструира нешто токму по своја мерка, па неговата GSM-SMS вага ја следи комплетната состојба во пчеларникот: температурата на околината, влажноста, вкупната тежина на кошницата и дневниот внес на мед.
–„Модулот за испраќање на СМС пораки ја следи состојбата на мед во кошницата и потоа, во зададен временски интервал, го известува сопственикот на кошницата. Со оглед на тоа дека многумина своите пчели ги чуваат во оддалечени места и често им претставува дополнителен напор непосредно да ги надгледуваат, мојот изум им овозможува да одат далеку и по неколку стотина километри, а повторно во секој момент да знаат што се случува на терен“, гордо раскажува Хашимбеговиќ.
Пчеларот Мирсад Хоџиќ вели дека Емировиот изум му заштедил многу време, а истовремено му овозможува и тоа во реално време да го следи здравјето на пчелните семејства и благовремено реагира ако се покаже дека нешто недостасува.
Интересно е и тоа што Емир Хашимбеговиќ своевремено четири години бил претседател на Општината во Приепоље, а по престанокот на функцијата се посветил на работа во струката и сега е вработен во Телеком, на работи поврзани со дигитализација.
Извор: novosti.rs

Па во Македонија ги користиме овие “смс ваги” уште пред 10 години !!!