Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларите од Пелагонија вршат прихрана на пчелните семејства
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчеларите од Пелагонија вршат прихрана на пчелните семејства
Агровести

Пчеларите од Пелагонија вршат прихрана на пчелните семејства

Објавено 10/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пчеларите од битолскиот дел на Пелагонија деновиве интревенираат со прихрана на пчелните семејства поради недостиг од храна.

Како што појаснуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола, прихраната се врши со погачи кај пчелните семејства каде што нема доволно храна при зазимувањето и во пресрет на втората половина од јануари кога пчелните друштва ја зголемуваат својата активност.

– Во овој период пчелните семејства инстиктивно чувствуваат потреба за обновување, па почнуваат со формирање на ново легло. Матицата започнува со полагање на нови јајца и животот на пчелното друштво почнува да се менува. Започнува поголемо трошење на храна, а посебно на полен. Бидејќи пчелите интензивно почнуваат да ја хранат матицата, да го хранат и негуваат леглото, потрошувачката на храна и полен се зголемува. Со зголемувањето на потрошувачка на храна и на забрзување на другите животни процеси во пчелното друштво, во кошницата доаѓа до појавување на водена пареа и јаглероден диоксид поради температурната разлика, па затоа вентилацијата е од посебно значење, за да не дојде до мувла по краевите. Ако во текот на јануари се појават повеќе топли денови, тогаш леглото се зголемува што резултира со поголема потрошувачка на храна, а посебно на полен кој многу се троши за исхрана на леглото, без кој нема и лачење на млеч. Затоа кај оние пчелни семејства кај кои не е оставено доволно храна при зазимувањето, се појавува недостиг од храна и треба да се интервенира со прихрана погачи, препорачуваат од АПРЗ.

По реалните зимски температури во јануари, на крајот на јануари и почетокот на февруари со затоплување на времето, може да се очекува масовно летање на пчелите или летови за прочистување.

-Кон крајот на месецот се пристапува кон изимување на пчелните семејства и подготовка за нивен предпролетен развој. За таа цел треба да се исчистат подовите од кошниците за пчелите да не се заморуваат со непотребна активност, туку да се ориентираат пред се на исхрана и одгледување на леглото. Пчеларите треба да ја проверат резервата на храна во секое друштво и ако ја нема во доволни количини да стават по една погача, најдобро оплеменета, велат експертите на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Пелагонијаприхранапчеларипчелните семејства
Претходен напис Што носи шведското претседателство со ЕУ за земјоделството – Производството на храна и климатската неутралност на врвот на листата на приоритети
Следен напис Што ја одбележа 2022-та година во секторот Земјоделство, шумарство и водостопанство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?