Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен – најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби и 48% од вкупната вредност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен – најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби и 48% од вкупната вредност
Агровести

Пазарот на недвижности во 2025 година стабилен – најдоминантен сегмент биле становите со 33% во вкупниот број на купопродажби и 48% од вкупната вредност

Објавено 24/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пазарот на недвижности во 2025 година е стабилен, активен и атрактивен за инвестирање, со јасна доминација на урбаните средини и позитивни економски трендови, покажува годишниот извештај од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности на Агенцијата за катастар на недвижности.

Становите остануваат најдоминантен сегмент на пазарот и учествуваат со 33% вовкупниот број на купопродажби и дури 48% од вкупната вредност на пазарот. Иако бројот на продадени станови е намален за 3,9%, нивната вредност пораснала за 10,8%. 

Најактивни општини се Центар, Аеродром и Карпош, кои исто така, имаат и највисоки просечни цени на становите од 1.692 евра/м²;  1.558 евра/м² и 1.419 евра/м²

Најскапиот стан е продаден во Аеродром за 166.500 евра, а најскапата куќа е продадена во Општина Центар за 1.500.000 евра. 

Најскап деловен простор е продаден во Општина Центар за 6.800.000 евра.

Во 2026 година се прогнозира умерен раст со зголемен интерес за инвестиции и продолжен раст на закупи.

Пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, што претставува раст од 7,6% во споредба со 2024 година.

Регистрирани се 23.470 трансакции (купопродажби) што претставува раст раст од 4%, како и 9.911 закупи, што е зголемување за 17% во однос на претходната година

Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9% во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал (314 милиони евра).

Земјоделското земјиште и шумите учествуваat со 31% во вкупни от број на купопродажби, додека градежното земјиште со 14% бележи значителен раст на купопродажната вредност од 36%, во споредба со претходната година.

Куќите учествуваат со 13% во вкупниот број на купопродажби, со забележан раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37%.

Анализата покажува дека пазарот е најразвиен во поголемите урбани центри. Најмногу трансакции се реализирани во Центар 2.414 трансакции, Аеродром 1.963 трансакциии, Карпош 1.791 трансакции.

Највисоката цена за стан по метар квадратен е постигната во Аеродром (3.784 евра/м²).

Пазарот на новоградби е најдинамичен во скопските општини, а највисок скок на просечната цена на станови од инвеститор е забележан во Центар 31%, додека во Охрид има пад од 4%.

Пазарот на закупи во 2025 година бележи вкупна месечна закупнина со вредност од 4 милиони евра.

Во вкупниот број на закупи (9.911), најголемо учество имаат – становите со 35% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 15% во споредба со претходната година, потоа следат деловни простори со 34% и бележат раст на вкупната месечна закупнина од 24% во споредба со претходната година. Анализата покажува дека постои зголемена побарувачка за изнајмување.

Извештајот претставува сеопфатна анализа на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности, базирана на официјални податоци за реализирани купопродажни договори и договори за закуп. Годишниот извештај за пазарот на недвижности за 2025 година, е аналитички преглед на состојбите и трендовите на пазарот на недвижности во Република Северна Македонија за 2025 година, а анализата е базирана на официјални податоци од Регистарот на цени и закуп нини. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:купопродажбинедвижностистабиленстановите
Претходен напис Утрово најтопло во Скопје и Велес, најстудено на Попова Шапка и во Берово
Следен напис Вонредни мерки за помош на хрватските земјоделци: 20 милиони евра за пролетна сеидба, еднократна поддршка по хектар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?