Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пазарните инспектори ќе одат во контрола да утврдат како цените во маркетите се зголемени изминатите 30 дена, вели Мицкоски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пазарните инспектори ќе одат во контрола да утврдат како цените во маркетите се зголемени изминатите 30 дена, вели Мицкоски
Агровести

Пазарните инспектори ќе одат во контрола да утврдат како цените во маркетите се зголемени изминатите 30 дена, вели Мицкоски

Објавено 24/12/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пазарните инспектори да тргнат во вонредни контроли кај трговците за да утврдат како цената на одредени основни производи е зголемена во изминатите 30 дена. Ова премиерот Христијан Мицкокси најави дека ќе го побара на денешната владина седница од министерот за економија и труд.

Мицкоски апелираше до трговците да го преиспитаат своето однесување и да не се служат со трикови.

„Со трикови не функционирам и тие што мислат дека ќе функционираат со трикови, се лажат. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го прават со драматично зголемување на некои други призводи како маслото, лебот, млеко, млечни производи, јајца, брашно. Жестоко ќе се спротивставиме на оние што мислат дека не надмудриле. Срамота е ова што го прават пред празниците што доаѓаат”, рече Мицкоски денеска по пуштањето во употреба на спортска сала во населено место Црешово во Општина Гази Баба. 

Тој додаде дека тоа што го прават трговците не е коректно и затоа вели дека ќе побара вонредна инспекција за ова, како што рече, девијатно однесување да престане. 

Во однос на 250 милиони евра од првата транша од унгарскиот кредит кои се наменети за бизнис секторот, Мицкоски рече дека има административни процедури што треба да се завршат и очекува во јануари овие средства да бидат оперативни. Тој додаде дека во парламентот треба да помине закон за кој рече дека сакаат да помине во редовна процедура, а не тој да биде ставен на брза лента.

Мицкоски најави и дека се подготвува измена на законското решение со кое нема да има покачување на функционерските плати. Ова законско решение Мицкоски рече дека наскоро ќе се најде пред пратениците и со него ќе има раст на платите на сите вработени во државата, освен за функционерите.

Изовор: 360степени

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:контроламаркетитеМицкоскиПазарните инспекторицените
Претходен напис Албанското Министерство за земјоделство демантира: Нашите мандарини не се отровни
Следен напис Партнерски однос за економски развој: Стопанската комора и Фискалниот совет потпишаа договор за соработка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?