Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Папаставру: Во септември, веројатно, ќе се потпишат договори со операторите од Северна Македонија и Србија за учество во Вертикалниот коридор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Папаставру: Во септември, веројатно, ќе се потпишат договори со операторите од Северна Македонија и Србија за учество во Вертикалниот коридор
Агровести

Папаставру: Во септември, веројатно, ќе се потпишат договори со операторите од Северна Македонија и Србија за учество во Вертикалниот коридор

Објавено 28/07/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во септември многу веројатно е дека ќе бидат потпишани договори со операторите од Северна Македонија и Србија за нивно учество во Вертикалниот коридор – откри министерот за животна средина и енергетика на Грција, Ставрос Папаставру, во интервјуто за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Папаставру потсети на министерскиот состанок што се одржа на средината на мај во Атина, на кој присуствуваа министрите за енергетика на нашата земја, Србија, Бугарија и домаќинот Грција, кога беше одлучено проширувањето на Вертикалниот коридор.

Но, и на состанокот од 10 јули во Атина на претставниците на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА, операторите на преносните системи од земјите од Вертикалниот коридор, Грција, Бугарија, Унгарија, Украина, Романија, Северна Македонија и Србија, како и компаниите „Гастрејд“ и ИЦГБ, исто така се разговараше за конкретниот коридор.

– И Србија и Северна Македонија дојдоа на средбата на министрите што ја одржавме и ја изразија нивната желба да учествуваат. Пред десет дена повторно се сретнавме тука со операторите, а во септември е многу веројатно да бидат потпишани со операторите од Северна Македонија и Србија договори за нивно учество во Вертикалниот коридор – рече Папаставру.

Дополнително, посочи дека Грција веќе е енергетски хаб во регионот објаснувајќи дека порано во земјата доаѓале шест милијарди кубни метри природен гас, сите наменети за потрошувачка, а сега „влегуваат 17 милијарди кубни метри, од кои шест остануваат, а 11 одат нагоре“.

– На тој начин нашата земја ја искористи својата географска положба меѓу континентите и стана геополитичка сила. Тоа нема да се случи преку ноќ, но веќе Вертикалниот коридор е реалност – нагласи грчкиот министер. 

МИА

Може да ви се допадне

Подготовки за летната сезона на пожари: Зајакнување на опасноста на пределите во западен балкан
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Мицкоски: Ги повикувам сите граѓани кои им било побарано мито да пријават корупција, ќе има и бесплатна линија
Сојуз на одгледувачи на овци: Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари – Итна типизација на вирусот и вакцинација на целото национално стадо
Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе пари за инвестиции, земјоделство и општини
Таг:коридорПапаставрусеверна македонијасептември
Претходен напис Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен
Следен напис Подготовки за летната сезона на пожари: Зајакнување на опасноста на пределите во западен балкан
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?