Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пампас трева – уникатна атракција за дворот без многу грижа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пампас трева – уникатна атракција за дворот без многу грижа
Магазин

Пампас трева – уникатна атракција за дворот без многу грижа

Објавено 09/11/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пампас тревата (Cortaderia selloana), е популарно украсно растение кое дава посебен изглед на градината. Декоративните цветови кои потсетуваат на големи пердуви, го навестуваат крајот на летото и почетокот на есента.

Потекнува од Јужна Америка, а во Европа се појавува во 18 век. Нејзината првобитна намена била спречување на ерозија и заштита од ветер, но поради својот атрактивен изглед, брзо почнува да се одгледува како украсно растение.

Робустното повеќегодишно растение, припадник на семејството треви (Poaceae), зависно од сортата, постигнува височина од околу 2,5-3 м и околу два метри ширина, па дури и повеќе.


Листовите се тесни, остро назабени со синозелена боја. Цветовите се собрани во метличка и можат да бидат бели, сиви или розеви. Цвета од јули до октомври, а се опрашува со ветер. Исушените метлички можат да се користат во уредување на интериерот, за изработка на украсни венци, па дури и букети за венчавка.

Се прилагодува и не бара многу

Пампас тревата најдобро ќе успее на сончево место во градина. Се прилагодува на алкална, неутрална и кисела почва. Иако и одговара влажна почва, се снаоѓа и во услови на суша и силен ветер. Може да ги преживее студените зимски месеци, но со дебело мулчирање. Преку зима потребно е да се прекрие со конопна вреќа, која се отстранува во пролет, откако ќе помине опасноста од мразот.

При избор на место, потребно е да се размисли за конечната височина и широчина која пампас тревата ќе ја постигне. Расте широко и високо и ако тоа не се земе предвид, би можело да резултира со пренатрупан изглед на градината.
Пампас тревата треба да биде на сонце поголемиот дел од денот, бидејќи сенката негативно влијае на нејзината височина.

Се размножува со семе или пресадување

Одгледувањето на семе е многу едноставно, а сеидбата рано напролет е на сончево место.
Семките не е потребно да се прекриваат со земја бидејќи за никнување е потребна светлина и умерено наводнување. Ако живеете во подрачје во кое има голем број птици, се препорачува покривање на семето за да се спречи колвење на семките. Во случај да немате мрежа за покривање, сеидбата може да се изведе и во садови и подоцна да се пресади на посакуваното место.

За подобра дренажа, пред сеидба супстратот се меша со перлит 2:1. Садот треба да има дупчиња за да се овозможи воздух за кореновиот систем. Ако садите купени садници, можете да ги посадете во пролет или есен.

Прихрана во рана пролет

При пресадувањето, ископајте дупки со длабочина и ширина на кореновиот систем и додадете малку ѓубриво. По пресадувањето, растението треба да се наводни. Во текот на првата година после пресадувањето, наѓубрете на почетокот на пролетта, летото и есента.

Следната година прихранувајте само во рана пролет.

После отприлика три години пампас тревата ќе процвета.

Грижата во наредните години е незначителна, освен со наводнување при екстремни суши.

Се реже секоја година на висина од околу 10 см за да и се освежи изгледот, што се изведува во рана пролет или есен. При резидбата е важно да се носат заштитни ракавици и облека. Не бара многу ѓубриво за својот раст.

Иако може да се изведува од крајот на август до почетокот на септември, делењето на пампас тревата се препорачува во пролет, после последниот мраз. Со тоа на растенијата ќе им се овозможи доволно време за формирање на цврст корен.

Пампас тревата создава илјадници семки на крајот на вегетациската сезона, а силните ветрови можат да ги рашират на голема оддалеченост. Семките можат да никнат во разни климатски услови и во различни типови на почва. Ако корените почнат неконтролирано да се шират потребно е повремено да се отстрануваат.
Нема природни непријатели и е отпорна на штетници.

При топло и дождливо време можат да се појават габични заболувања кои се покажуваат како дамки на листовите.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Претходен напис Запленети фалсификувани ветеринарни лекови во вредност од 20.000 евра
Следен напис Како МЗШВ планира да се обработуваат 90.000 хектари приватно земјоделско земјиште, кое со години е напуштено
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?