Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Палеонтолошки локалитет ,,Змијовец” прогласен за природна реткост
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Палеонтолошки локалитет ,,Змијовец” прогласен за природна реткост
Агровести

Палеонтолошки локалитет ,,Змијовец” прогласен за природна реткост

Објавено 12/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Палеонтолошкит локалитет „Змијовец” во неготинско е прогласен за природна реткост, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање на нивната Фејсбук страница. Оттаму појаснија дека прогласувањето е со решение донесено од министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити  и е објавено во  Службен весник на РСМ. 

– Палеонтолошкиот локалитет ,,Змијовец” се наоѓа на подрачјето на општина Неготино, а оваа категоризација ја има добиено заради уникатната фосилна фауна што се наоѓа во околината на селото Долни Дисан, Неготино.  Дел од видовите кои се пронајдени на овој локалитет се уникатни и не се пронајдени на ниту еден од останатите палеонтолошки локалитети во нашата држава. Фосилните фрагменти од локалитетот „Змијовец“ се пронајдени во жолто – кафеавите седиментни глинести и песочни слоеви и потекнуваат  од доцен миоцен.  Во систематски поглед сите пронајдени  видови, кои на локалитетот „Змијовец” засега се претставени со 6 редови, 13 фамилии и 19 таксони, припаѓаат на класата плацентални цицачи (Mammalia, Placentalia), појаснија од Министерството. 

Нагласуваат дека спроведувањето на активности и дејствија во непосредна околина на Палеонтолошкиот локалитет  – Змијовец, општина Неготино, како што се изградба на пристапни патеки и уредување на места за одмор и релаксација, како и спроведување на други активности за уредување и користење на просторот на природната реткост, треба да обезбеди висок степен на заштита на биолошката и пределската разновидност, во насока на обезбедување на соодветно управување со природната реткост. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЗмијовецПалеонтолошки локалитетприродна реткостпрогласен
Претходен напис Во јули 204.336 туристи престојувале во земјава
Следен напис ФИТР: Презентација на успешните бизнис идеи преку повикот „Стартапувај“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?