Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Паѓаат цените на земјоделските производи, поевтини дињата и лубеницата, а веќе има и ајварски пипер: Ова се денешните цени на скопскиот Зелен пазар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Паѓаат цените на земјоделските производи, поевтини дињата и лубеницата, а веќе има и ајварски пипер: Ова се денешните цени на скопскиот Зелен пазар
Агровести

Паѓаат цените на земјоделските производи, поевтини дињата и лубеницата, а веќе има и ајварски пипер: Ова се денешните цени на скопскиот Зелен пазар

Објавено 10/08/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на земјоделските производи започнаа да се намалуваат. Иако за некои производи тие и понатаму се високи на пазарите, сепак може да се каже дека чекор по чекор, започнаа да се намалуваат. Факт е дека трговците од профитот нема да се откажат така лесно и најмногу заработуваат, сепак продавачите велат дека цените досега биле високи и затоа што нема повеќе кој да произведува и дека сè е поскапено.

На пример, ако реколтата од минатата година на кочанскиот ориз земјоделците ја продадоа по цена од 20 до 35 денари за килограм, сега тој на пазарите се продава и по 100 до 120 денари за килограм. Цената на компирите е од 40 до 50 денари за килограм, кромидот 70 денари, лукот 150 денари за килограм. Грaвот се продава по 120 до 140 денари за килограм.

Она што најмногу се бара се сезонските овошја и зеленчук, како кајсии, праски, сливи, пипер, домати, крставици, марула и бостан.

Минатата година лубеницата беше 10 до 15 денари за килограм, сега нема да најдете лубеница под 30 денари. Ова лето и цената на дињата беше зголемена драстично. Ако цената до лани беше 25 до 30 денари килограм, оваа година на тезгите по пазарите дињите достинаа и до 100 денари за килограм, а на некои места дури и многу повеќе. Но, веќе не е така. Денешната цена на дињата на скопскиот Зелен пазар беше 50 денари за килограм.

Праските се продаваат за 60 денари за килограм, исто како и кајсиите, кои годинaва стигаа цена и до 130 денари. Грозјето, црно и бело, се продаваше за 50 денари за килограм.

Годинава висока цена држеа и модрите сливи кои се проаваа по 80 денари за килограм, но веќе нивната цена е 50 денари. Круши можете да најдете за 70-80 денари.

Доматите, краставиците и пиперките се вистински предизвик да ги испазарувте под цена од 60-80 денари за краставица, или 50-80 денари за домат. Исто е и за пиперките кои се движат од 50 до 80 денари. На пазарoт веќе може да се најде и ајварскиот пипер кој се продава по 100 денари за килограм.

Зелката се продава за 40 денари за килограм, а парче марула е 30 денари. 4 класчиња пченка чинат 100 денари.

Сепак, на пазарот ретко каде можете да купите производ дирекно од производителот. Повеќето се трговци кои рано наутро купуваат роба од поголем пазар, каде што се носи од други места, но ако ги побарате, ќе ги пронајдете и локалните продавачи кои имаат свои производи.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Претходен напис Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро
Следен напис Сончево и ветровито со дневни температури од 23 до 32 степена
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?