Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Овчеполските земјоделци добиле ветување, вода за наводнување ќе пристигне до понеделник
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Овчеполските земјоделци добиле ветување, вода за наводнување ќе пристигне до понеделник
Шумарство и водостопанство

Овчеполските земјоделци добиле ветување, вода за наводнување ќе пристигне до понеделник

Објавено 04/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овчеполските земјоделци очекуваат водата за наводнување да им пристигне до понеделник, ова ветување го добиле на денешниот состанок во подружницата на Водостопанство Свети Николе. Земјоделецот Никола Стојанов за МИА вели дека им биле предочени неколку причини, зошто вода не пристигнува до нивите со детелина, бостан, лозови и овошни насади.

-Ни беше кажано дека вода до нашите ниви не пристигнува заради кражби на водата, како и заради тоа што системот за наводнување е стар. Најпрвин вода ќе добијат земјоделците во атарот на село Ерџелија, а потоа и останатите села – вели Стојанов.

Посочува дека веќе 11 дена земјоделците од Овче Поле немаат вода за наводнување, а штетите се големи на сите култури. Стојанов вели дека сите земјоделци во овој регион навремено ги плаќаат обврските за вода за наводнување, а која пристигнува од Хидросистемот „Брегалница“.

Раководителот на ХС „Брегалница“-Кочани, Благој Богaтинов за МИА вели дека испораката на водата до корисниците на подружницата Свети Николе е континуирана и се одвива без прекинување.

„Ние испорачуваме вода. Поголеми количини не можат да се пуштат поради можност за излевање. Каналската мрежа е стара и треба да се реконструира. Ние ќе излеземе во пресрет извесен период ќе ја намалиме количината за нашите корисници, за да може таа да стигне до Овчеполието“, вели Богатинов.

Неколку децении веќе има проблеми со наводнувањето на нивите во источниот регион, кои вода добиваат од езерото Калиманци. Една од причините е непланското сеење и садење на култури, а најголемата е рунираниот систем за наводнување. Богатинов посочи дека потребни се неколку милиони евра за санација на овој систем за наводнување, кој живот дава на нивите во Кочанско, виничко, штипско и Овче Поле.

Може да ви се допадне

Наводнување на овошките според фазите на развој
Започна проектот „Подобрување на самоорганизацијата на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хоџа: Градиме функционални системи за наводнување на земјоделското земјиште
Се одржа првичен состанок за проектот „Подобрување на самоорганизација на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
Таг:наводнувањеовчеполие
Претходен напис До 15 август е продолжен рокот за поднесување барања за директни плаќања во органското земјоделско производство
Следен напис Теристичка дезинсекција против комарци вечерва во Берово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?