Машината за собирање на сливи е рачно направена, а нејзиниот иноватор вели дека вака собраните сливите можат да се користат и за ракија и за џем.
Чудна направа, таков впечаток остава на прв поглед. На социјалните мрежи предизвика лавина од коментари во претходните денови. Составена е од обичен цилиндар кој се врти рачно и ги собира сливите.
Оние кои го испробале велат дека помошта која им ја дава на овоштарите е многу голема и дека би требало да се даде Нобелова награда на оној кој ја измислил.
Штеди време, снага, но и нерви бидејќи на сите им е познато како изгледа собирањето на сливи во жештините.
Нејзиниот иноватор Небојша Јаковлевиќ, вели дека телефонот не престанува да му ѕвони и дека побарувачката е голема.
Небојша не се противи дека можеби некој друг имал слична ваква идеја во Србија, но дека некако оваа неговата станала наеднаш „славна“. Според неговите зборови, освен сливи, машината може на овој начин да собира и друго овошје, како што се јаболка, маслинки…
На критиките дека можеби оваа техника ја оштетува сливата, наведува дека нема место за тоа бидејќи сливите собрани на овој начин може да се користат за ракија и за џем.
Извор:Агросавјет