Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворен натпреварот „Зелени идеи 2024“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отворен натпреварот „Зелени идеи 2024“
Агровести

Отворен натпреварот „Зелени идеи 2024“

Објавено 21/03/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АРНО со радост споделува дека годинава го слави јубилејното 10-то издание на менаџирање на натпреварот „Зелени идеи“ и ги кани сите оние кои имаат или само идеја за зелен социјален бизнис, или постоечка иницијатива, да се пријават на натпреварот кој е отворен до 6-ти мај. Целосната пријава и повеќе информации може да се најдат на www.zeleniidei.mk. За поддршка во аплицирањето граѓаните можат да се пријават за учество на бесплатни онлајн работилници и работилници во живо.

Промотивниот настан со кој се лансираше новиот повик се одржа во Europe House Скопје со учество на Мирјана Јосифоска -регионална победничка од минатата година, носителка на зелен бизнис за производство на шапки и стегачи од текстилни остатоци), Ирина Тошева -национална победничка на натпреварот и обучувачка на престојните работилници, Снежана Јанковиќ од Сојуз на извидници на Македонија- претставничка на најголемата интерактивна иницијатива за пошумување на опожарени подрачја- Боренка. На настанот имаше и онлјан вклучување од Црна Гора на Санда Ракочевиќ од Адп-Ѕид кои се координатори на регионалниот проектот EICEE каде АРНО е македонскиот партнер.

Настанот го отвори Ирина Јаневска од АРНО со презентирање на 10-те регионални македонски победници од изминатите 10 години и вовед во новите концепти на зелена економија.

„Ние сме благодарни што сме во оваа улога 10 години, и многу се радуваме што Македонија има 10 регионални награди. Со овој натпревар освен што носиме финансии во државата, носиме и знаење, ете и за новите концепти на зелена социјална економија (Теорија на крофна економија, регенеративна економијa и сл), а носиме и култура на транспарентност и соработка. Многу труд и љубов вложуваме во целиот процес, а и во сѐ што правиме со АРНО, 10 години, колку што постоиме.“ изјави Ирина Јаневска- претседателка на АРНО.

На настанот присутните играа квиз на знаење и имаа шанса да освојат шапка и стегачи од брендот „Мирјана Јосифоска“ и „Боренки“ преку кои ќе се сади дрво во нивно име. Онлајн говорничката Санда Раковиќ го претстави проектот „EICEE-Екосистем за екоиновации и циркуларна економија во Западен Балкан“ кој е поддржан од Европска Унија, и во рамки на кој до крајот на месецот ќе се објави повик за грантова поддршка за развој на циркуларна економија.

„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи на Западен Балкан. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат во 2 категории за награди во висина од 5.000 или 10.000 долари .Здружението за социјални иновации „АРНО“, 10-та година по ред, го администрира националниот натпревар „Зелени идеи“ и се гордее што досега земјата има 10 регионални победници и вкупна инвестиција од 95 000 долари за развој на зелени бизниси во земјата: Првата кооператива на органски потрошувачи „Наша добра земја“ (2015), инцијативата за репарирање на стар мебел– „СПИН“ (2016), платформата „Храна за сите“ (2017 година), едукација преку илузионистички еко-пораки „Грин меџик продакшн“ (2017), „ Био смарт ориз“ одржливо производство на ориз (2019), „Challenger“ мобилна апликација која ги наградува граѓаните за одење пеш (2019), „Вајс адитив“ производство на прехранбен адитив од комиње (2020), „О-круг“ – производство на ароматизери и масла од отпадни кори од портокал (2021), Ве Дог Фуд (2022) прозиводство на протеинска искрана од инсекти и Мирјана Јосифоска (2023) шапки и модни додатоци направени од текстилни остатоци.

АРНО

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Серафимовски: Во Прилепскиот регион, просечната откупна цена на пиперката е зголемена на 25 денари
Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Северна Македонија и Косово
ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди – опслужени 3,3 милиони патници со пораст од 29% во првите 9 месеци од 2026 година
ЕУ со нов модел на проширување: што се менува?
Димитриеска-Кочоска: Една година СЕПА – реформите носат конкретни придобивки за граѓаните и бизнисот
Таг:Зелени идеи 2024Отворен натпреварот
Претходен напис Зеркала Vavada для игроков в 2026 году обзор
Следен напис Просечната нето плата во јануари 39 542 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?