Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупот на тутунот ќе продолжи до 31 март, петте милиони евра да бидат КОВИД-мерка, а не исплата на разликата во цена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупот на тутунот ќе продолжи до 31 март, петте милиони евра да бидат КОВИД-мерка, а не исплата на разликата во цена
Агровести

Откупот на тутунот ќе продолжи до 31 март, петте милиони евра да бидат КОВИД-мерка, а не исплата на разликата во цена

Објавено 15/02/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

До 31 март ќе биде продолжен рокот за откупот на тутунот, договорија денеска производителите, компаниите и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа. Договорените количини се очекува да бидат преземени до крајот на неделава, а наредната треба да стартува откупот на вишокот.

Тутунарите сметаат дека е понижувачки да добијат по 10 – 12 денари за килограм колку што е предвидено со петте милиони евра од петтиот антикризен пакет. Тоа, велат, треба да е КОВИД-мерка, а разликата во цената од сегашните 165 до најавените 180 денари, Владата треба посебно да ја надомести. Пари, според нив, има, потреба е само добра волја да се распределат.

-Засега, просечната цена е 165,3 денари. До денеска се откупени 21 милион килограми тутун, а заклучно со утре се очекува да бидат откупени 98 отсто од договорените количини. Потоа ќе продолжи откупот на вишокот тутун што реално е најголемиот проблем годинава. Јас уште утре на Влада ќе предложам по брза постапка измена на Законот за тутун за да се пролонгира рокот за откуп до 31 март, а не да биде до крајот на овој месец.  Во петтиот пакет антикризни мерки предвидовме пет милиони евра за тутунарите, но динамиката и начинот на кој ќе се исплатат останува да ги договориме откако ќе заврши целиот откуп, изјави министерот по средбата.

Според Хоџа, вишокот тутун е главно во Долнени и тука треба да се засили динамиката на откуп.

-Ако се држиме до тоа што се договоривме, до петок ќе имаме многу јасна слика за Долнени. Разликата на просечната цена со овие дополнителни пет милиони евра ќе се обидеме да го реализираме ветеното – просечната цена да не биде под 180 денари. Тоа е максимумот што можеме да го направиме, рече Хоџа.

Игор Мирчески од Иницијативниот одбор на „Тутунари од Македонија” укажа дека т.н. вишок е всушност дел од производството за кое не се склучени договори. Не се работи за голема количина и целиот тутун мора да биде откупен.

-Вишокот не е вишок, туку тутун произведен во сите региони. Со години наназад производството е 25 милиони килограми. Тоа и годинава го имаме, не се работи за екстра количина, само што се намалени договорите па се вели дека е вишок.

Инаку, Иницијативниот одбор не се согласува со петте милиони евра да се покрива разликата во цената. Тоа треба да е КОВИД-мерка и да се распредели по килограм произвдеден тутун. Ако државата мисли дека со тие 10 – 12 денари ќе ни ги надомести загубите од 60 – 90 денари, греши, само ќе ги понижи тутунарите, потенцира Мирчески.

Тој дополни дека има средства во Буџетот и разликата во цена може да се исплати без да се зголемуваат ставки. Таков предлог денеска му доставил на министерот.

Претседателот на Сојузот на тутунски здруженија, Менде Стомнароски истакна дека за откуп се останати уште два милиона килограми договорен тутун, како и дека компаниите се подготвени да преземат уште два милиона килограми.

-Ако останат на тоа, тутунот ќе биде откупен во целост. Не сме задовони од годинашната проценка, мислиме дека не е реална и правевме притисоци на вагите, остававме на воторстепени комиси да одлучат. Тие во 60 – 70 отсто случаи проценија во позитивно, што покажа дека сме биле во право, рече Стомнароски. Годинава родот тежи околу 23.000 тони. Во однос на вишокот, производителите апелираат компаниите да поделат амбалажа.

MИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Арјанит ХоџаДоговороткуптутун
Претходен напис Бензините поскапуваат од половина до еден денар, а дизелот за 1,5 денари
Следен напис Намалени откупот и продажбата на земјоделски производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?