Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откупот на црвената пиперка во полн ек, градинарите се жалат на сушата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откупот на црвената пиперка во полн ек, градинарите се жалат на сушата
Агровести

Откупот на црвената пиперка во полн ек, градинарите се жалат на сушата

Објавено 05/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Раздвиженост во Струмичко, по пат итаат трактори со приколки натоварени со црвена пиперка ајварка да го однесат родот во откупните пунктови. Градинарите велат дека бербата е во полн ек, но дека оваа година сушата  влијаела да имаат намалени приноси.

-Јас имам 30 пластеници со црвена пиперка и очекувам оваа година да наберам околу 20 тони, да не беше сушата родот ќе беше поголем, бидејќи од овие површини може да се собере и повеќе. Еве на пример лани од само два декара набрав 10 тони црвена пиперка или во просек берам по 600 кг од еден пластеник, вели нашиот соговорник 55 годишниот Ќамил Хасанов од село Банско.

Според него, годинава родот е намален а поради жештините пиперката не е во можност да ја апсорбира водата во неа и да порасне па затоа и квалитетот е послаб . Пиперките ги има во многу различни бои и форми, но како што вели тој за да направете ајвар ви треба слатка, црвена пиперка со сјајна лушпа.

– Моментално на пазарите нема некое големо количество пиперка за ајвар. Цената е 45 денари за килограм и не ги покрива нашите трошоци, имаме многу работа околу неа и цената треба да биде барем малку повисока. Ова го зборувам како земјоделец кој целиот свој живот го посветил на градинарството и многу добро знае за проблемите со кои се соочуваат сите земјоделци за да донесат производ од нива до трпеза, смета Ќамил.

Откупувачите велат дека побарувачката е голема и допрва ќе се интензивира за да се пласира на домашниот и на странскиот пазар. Сепак тие очекуваат дека земјоделците ќе бидат задоволни од договорените цени.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, откупувачите, земјоделците и преработувачите минатата недела на заедничка средба договорија повисоки откупни цени на индустриската пиперка од соратата „куртовска капија“од годинашната реколта.

Според министерот, за прва класа откупната цена е 45 денари, за прва и втора 35, за втора 20 и за трета 15 денари за килограм.

-Овие се почетни цени со кои ќе почне откупот на пиперката и ќе трае во текот на откупот. Овие цени за да се одржат мора да се почитува правилникот за квалитет и она што е уште поважно, бидејќи во нашата држава во два региони се произведува оваа пиперка, односно струмичкиот и прилепскиот, бербата да биде договорена со откупувачите и преработувачите за да не се соочиме со зголемена количина во текот на денот и неделата и да имаме застој во откупот како што беше минатата година,изјави министерот Трипуновски.

Откупувачите и преработувачите се согласија дека ќе се придржуваат кон договорените цени во текот на целиот откуп, а Државниот инспекторат за земјоделство ќе биде постојано на терен и ќе се грижи за да се запазат динамиката и откупните цени на црвената пиперка.

За кратко треба да започне бербата на пиперките под отворено , земјоделците водат борба со екстремните жештини и редовно ги наводнуваат површините за да имаат подобар и поквалитетен род.

Струмичкиот регион додека дише во ритамот на зеленчукот информациите од терен говорат дека оваа година производството на црвена пиперка би требало да тежи околу 65 милиони килограми.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:откуппиперкицрвени
Претходен напис Авионско третирање против комарци утре на кавадаречка територија
Следен напис Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?