Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Откуп на грозје ќе има, „Тиквеш“ почна со потпишување договори со лозарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Откуп на грозје ќе има, „Тиквеш“ почна со потпишување договори со лозарите
Агровести

Откуп на грозје ќе има, „Тиквеш“ почна со потпишување договори со лозарите

Објавено 09/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарската визба „Тиквеш“ соопшти дека досега потпишала 460 договори со лозарите преку кои обезбедила над осум милиони килограми квалитетно грозје од сортите шардоне, ризлинг, темјаника, мерло и каберне совињон.

Првите договори беа склучени кон средината на јуни, повеќе од два месеца пред официјалниот старт на годинашната берба.

-Оваа година го почнавме процесот на потпишување договори со нашите партнери многу порано од вообичаеното. Со ова сакаме да внесеме поголема сигурност и стабилност во целиот процес на соработка и да го зајакнеме партнерството со лозарите, што е наша трајна, стратешка определба, велат од „Тиквеш“.

Визбата е исклучително задоволна од одзивот и комуникацијата со лозарите. Очекува дека до почетокот на бербата ќе бидат потпишани до 2000 договори за деловна соработка.

-Впечатокот од досегашната комуникација со лозарите е дека тие се задоволни од условите што ги понудивме во новите договори, како во делот на количините, така и во делот на условите за плаќање на откупеното грозје. Истовремено, со договорите се дефинираат правилата и целокупниот начин на одгледување и третман на грозјето, што е дополнителна гаранција за висок квалитет, кој е неопходен за производство на врвно вино – велат во „Тиквеш“.

За да се стимулира и одржи највисок квалитет на грозјето, винарницата одлучи да им понуди повеќегодишни договори на лозарите кои произведуваат сорти со највисок квалитет кои се особено ценети на пазарот, како што се темјаника и ризлинг. Истовремено, за грозјето со највисок квалитет кое се преработува во процесот на микровинификација, преку кој се произведуваат премиум вина во ограничени количини, предвидени се и посебни услови за плаќање на откупеното грозје кои се многу пократки од законски дефинираните рокови. 

Може да ви се допадне

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Таг:лозариоткупТиквеш
Претходен напис Директорот на АХВ, Бабовски на регионален состанок во Црна Гора за заштита на здравјето на животните
Следен напис Русите направија сорта на орев што може да се скрши со рака
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?