Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Откриј го Националниот парк Маврово“ – капања за зачувување на природата и промоција на природните и културните вредности
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Откриј го Националниот парк Маврово“ – капања за зачувување на природата и промоција на природните и културните вредности
Агровести

„Откриј го Националниот парк Маврово“ – капања за зачувување на природата и промоција на природните и културните вредности

Објавено 11/03/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под слоганот „Откриј го Националниот парк Маврово“, оваа јавна установа ја започна најновата кампања за подигнување на свеста за зачувување на природата и промоција на природните и културните вредности на паркот.

Од управата на најголемиот национален парк во Македонија посочуваат дека со оваа кампања во наредниот период ќе информира за значењето на паркот и неговата улога во заштитата на биодиверзитетот. Покрај ова, ќе се промовираат и одржливи туристички практики и ќе се поттикнуваат активности кои треба со кои заедницата ќе работи на неговото зачувување.

– НП Маврово е повеќе од природен рај – тоа е нашето живо наследство, кое мораме да го зачуваме за идните генерации. Преку кампањата, сакаме да ги инспирираме посетителите да ја откријат убавината на паркот на одговорен начин, да научат повеќе за неговите вредности, и да станат дел од неговата заштита – изјави директорот на НП Маврово, Харис Ибраими.

Кампањата ќе трае речиси два месеци и ќе биде реализирана низ различни медиумски канали преку дигиталните платформи.

Предвидени се информативни видеа, интерактивни содржини и едукативни материјали, преку кои граѓаните ќе имаат можност да се вклучат и да откриваат нови информации, но и да се подигне свеста за значењето на зачувувањето на природата.

Стартот на кампањата беше симболично означен со активирање на дигитален дисплеј, поставен во Маврови Анови, спроти Инфоцентарот на НП Маврово.

Преку него посетителите ќе можат да ги добиваат сите информации и новости за паркот, а ќе бидат емитувани и видеа со природните убавини, ретките видови и можностите за авантуристички доживувања.

Со скенирање на поставениот QR код, заинтересираните ќе можат директно да купат билет за влез во паркот и да ја испланираат својата следна авантура во величествената природа на територија на НП Маврово.

НП „Маврово“ е најголемото заштитено подрачје во Македонија. Во него има ретки природни богатства, автентични пејзажи, разновиден биодиверзитет и еден од највпечатливите жители на природата во регионот – балканскиот рис.

Фото: НП Маврово

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:капањакултурните вредностиОткриј го Националниот парк Мавровоприродата
Претходен напис Променливо и нестабилно време со повремен дожд во наредните денови
Следен напис АФПЗРР продолжува со исплати по повеќе мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?