Откажано е 67. Светско првенство во орање кое требаше да се одржи на 13 и 14 август во Санкт Петербург, Русија, одлучено е на вчерашната седница на организацискиот одбор.
Овој глобален натпревар беше паузиран две години, поради пандемијата на коронавирус, а последен пат се одржа во 2019 година во Минесота, САД. На него учествуваа над 60 орачи од 27 земји.
Светската организација за орање потсети на својот слоган Pax Arva Collat - Нека мирот ја обработува почвата и дека однесувањето на Русија кон Украина е сосема спротивно на ова мото.
Треба да се напомене дека овој натпревар, по неговото откажување во 2020 година, требаше да се одржи во 2021 година во Ирска, за да се совпадне со 90-годишнината од основањето на Националната федерација за орање. Но, пандемијата потоа ги попречи и тие планови. Затоа, како што пишува Irishexaminer, планот е да се организира во Ирска во 2023 година.
„Нашите руски колеги прифатија дека овој настан не може да се случи. Сочувствуваме и со украинската ситуација“, изјави Ана Мари Мекхју, генерален секретар на Светската организација за орање.
