Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Основана Швајцарската комора на Северна Македонија – нова платформа за унапредување на економската соработка и инвестициите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Основана Швајцарската комора на Северна Македонија – нова платформа за унапредување на економската соработка и инвестициите
Агровести

Основана Швајцарската комора на Северна Македонија – нова платформа за унапредување на економската соработка и инвестициите

Објавено 25/03/2026
Сподели
10 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нова платформа за унапредување на економската соработка, инвестициите и деловното вмрежување меѓу Македонија и Швајцарија, која во време на глобални економски трансформации се позиционира како стратешка иницијатива што ги обединува сигурноста, довербата и иновативноста. Вака денеска беше промовирана Швајцарската комора на Северна Македонија (СвисЧам МК), чие основање е резултат на повеќегодишна иницијатива на водечки компании и институционална поддршка од Швајцарската амбасада, со цел создавање стабилна и доверлива деловна заедница, заснована на препознатливите швајцарски вредности.

Комората, како што беше најавено, ќе работи на продлабочување на партнерствата и на нови инвестициски можности, ќе биде мост на доверба меѓу луѓето, бизнисите и институциите, градејќи партнерства засновани на квалитет, прецизност, интегритет и транспарентност.

null

Преку пренос на швајцарска експертиза и примена на добри деловни практики, Комората ќе функционира и како платформа за размена на знаења и поддршка на бизнисите, со цел поголема конкурентност на македонската економија и нејзин одржлив развој.

-Живееме во време кога глобалната економија се менува побрзо од кога било. Последната деценија јасно ни покажа дека моделите кои се темелат исклучиво на ефикасност имаат свои ограничувања. Денес, покрај трошоците, подеднакво важни стануваат сигурноста, отпорноста, и доверливоста на синџирите на снабдување. Во тој контекст, nearshoring-от се наметнува како стратешка можност. За Македонија тоа значи потенцијал за привлекување нови инвестиции, создавање квалитетни работни места и забрзување на технолошки развој, а за Швајцарија диверзификација и зајакнување на партнерства во регион кој е сè поважен за економската иднина на Европа, истакна претседателката на Комората, Соња Стефановска.

Според неа, иако трговската размена меѓу двете земји во 2025 година учествува со околу еден отсто во вкупната размена или приближно 75 милиони евра увоз и 98 милиони евра извоз, сепак трендот низ годините покажува стабилен потенцијал за раст, што укажува на простор за натамошно продлабочување и диверзификација на економската соработка.

-Но, вистинската вредност на ова партнерство не е во бројките, туку во вредностите. Швајцарија е симбол на сигурност, прецизност и одговорност – сигурност, зашто дадениот збор има тежина, прецизност – како посветеност на квалитет и извонредност во секој детал и одговорност, како свесност за влијанието на секоја одлука кон партнерите, општеството и иднината. На овие вредности се надоврзуваат и културата на дијалог, почитувањето на различностите, и далекусежното управување. Токму тие ја создаваат најважната валута во модерната економија – довербата, која е темелот врз кој се градат успешни и трајни партнерства, рече Стефановска.

null

Во тој контекст, дополни, дијаспората има клучна улога, претставува жив мост меѓу двете земји – носител на знаење, искуства и деловна култура. Преку неа, швајцарските вредности природно се пренесуваат и се вградуваат во локалната економија, создавајќи нови можности, инвестиции и иновации.

-Доколку продолжиме да ги негуваме овие вредности и да ги зајакнуваме институционалните и економските врски, nearshoring- от може да стане повеќе од тренд односно може да стане двигател на долгорочен развој и стабилност. Во време на глобална неизвесност, партнерствата засновани на доверба, заеднички вредности и јасна визија ќе бидат најсилната основа за иднината. Да продолжиме да градиме мостови, и тоа меѓу економиите, институциите и луѓето, порача претседателката на Комората.

Швајцарскиот амбасадор, Кристоф Зомер потенцира дека Швајцарија и Македонија веќе имаат силни економски врски, но преку Комората, додаде, се создава конкретна платформа што ќе го претвори постоечкиот интерес во конкретни партнерства и нови можности за раст.

-Швајцарија и Северна Македонија веќе имаат силни и растечки економски врски. Повеќе од 100 швајцарски компании работат во оваа земја, создавајќи работни места, инвестирајќи во иновации и придонесувајќи кон локалната економија. Но, нашето партнерство оди подалеку од компаниите кои веќе се присутни овде. Многу бизниси во Северна Македонија веќе соработуваат со швајцарски партнери и многу повеќе се заинтересирани да го направат тоа. Северна Македонија нуди многу од условите што ги бараат швајцарските компании. Швајцарските компании ги ценат сигурните партнерства, пристап до пазари и квалификувана работна сила. Северна Македонија ги нуди токму овие услови: талентирани луѓе, силен претприемачки дух и стратешка локација во регионот. Со зајакнување на нашата економска соработка, можеме да создадеме нови можности за швајцарските бизниси, истовремено поддржувајќи одржлив раст и иновации овде во Северна Македонија, подвлече амбасадорот.

null

Во време на зголемена глобална неизвесност, истакна Зомер, партнерствата засновани на доверба, сигурност и долгорочна посветеност на европскиот континент се поважни од кога било.

-Иницијативите како SwissCham помагаат да се изгради токму таква соработка, за благосостојбата на граѓаните на нашите две земји. Комората може да обезбеди платформа за да се претвори овој интерес во конкретни партнерства, ги зближува компаниите за да се сретнат, да разменуваат мислења и идеи и да градат партнерства, ги поврзува швајцарските компании, локалните бизниси и претприемачите кои сакаат да соработуваат поблиску со Швајцарија, отвора нови можности за трговија, инвестиции и иновации и ѝ дава на деловната заедница силен заеднички глас. Уште една важна предност во нашите односи е дијаспората од Северна Македонија во Швајцарија. Повеќе од сто илјади луѓе со корени од оваа земја придонесуваат за швајцарското општество како претприемачи, професионалци и иноватори. Тие формираат силен човечки мост меѓу нашите две земји. Швајцарската стопанска комора може да помогне уште повеќе да се зајакне овој мост, подвлече Зомер.

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски оцени дека СвисЧам МК ќе овозможи подобра комуникација, размена на информации, поддршка за нови деловни иницијативи и развој на заеднички проекти.

-Убеден сум дека преку ваквата институционална рамка ќе се зајакне економската соработка и ќе се поттикне создавање нови деловни партнерства. Во таа смисла, Владата, а особено Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и понатаму остануваат целосно посветени на поддршката на иницијативи кои ја зајакнуваат економската дипломатија и ја унапредуваат меѓународната економска соработка. Соработката меѓу јавниот и приватниот сектор е од суштинско значење за создавање стабилна и конкурентна економија и за отворање нови перспективи за нашите компании, рече Димитровски.

null

Според него, формирањето на Македонско-швајцарската стопанска комора претставува значаен чекор напред во натамошното унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Швајцарската Конфедерација.

-Со воспоставувањето на оваа институционална платформа се отвораат нови можности за поврзување на компаниите, за размена на искуства и знаење, како и за создавање нови партнерства меѓу деловните заедници на двете земји. Швајцарија е долгогодишен и исклучително важен партнер на нашата земја. Соработката успешно се развива во многу области, како што се економијата, инвестициите, развојната соработка, образованието и иновациите. Особено ја цениме континуираната поддршка што Швајцарија ја дава во процесите на реформите, зајакнувањето на институциите и подобрувањето на економската конкурентност на нашата земја. Швајцарија е и еден од најголемите партнери на нашата земја, со билатерална помош од 300 милиони швајцарски франци, почнувајќи уште од 1992 година. Овој долгогодишен однос игра клучна улога во европските интеграции и спроведувањето на реформите. Швајцарија активно придонесува во развојот на демократијата, доброто владеење и економскиот развој, а Амбасадата на Швајцарија беше водечки донатор во пилот иницијативата за дигитализацијата на локалните услуги, која иницијатива беше имплементирана во 2023 и 2024 година во соработка со нашите релевантни институции. Економските врски меѓу нашите земји имаат значителен потенцијал за понатамошен раст. Швајцарските компании се препознатливи по високите стандарди на квалитет, иновации и технолошка извонредност, додека ние нудиме стабилна деловна клима, квалификувана работна сила и стратешка позиција во регионот. Во таа насока, ваквите коморски здружувања играат клучна улога во приближувањето на бизнис-заедниците и во создавањето нови можности за инвестиции и трговија, нагласи заменик-министерот.

Додаде и дека надворешно-трговската размена меѓу двете земји во 2025 година бележи позитивен тренд и стабилен раст.

-Ова е јасен показател за довербата и динамиката во меѓусебните економски односи. Очекуваме оваа позитивна динамика да продолжи и во 2026 година, а во иднина и дополнително да се продлабочи, особено преку нови инвестиции, зајакнување на трговската размена и развој на заеднички деловни иницијативи, рече Димитровски.

Основачи на СвисЧам МК се повеќе од 70 компании, меѓу кои „Баумер“, „Макстил“, „Ронтис“, „Медитеранеан шипинг компани“ и „Пакомак“.

МИА

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:економската соработкаинвестицииСеверна МакедонијаШвајцарската комора
Претходен напис МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
Следен напис Кривична пријава против раководители во ЈП „Национални Шуми“ – МВР со детали
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?