Наместо подготовки за новата сеидба, оризопроизводителите се подготвуваат за штрајк. Нема откуп на годинашната реколта на ориз во кочанско. Земјоделците гневни и незадоволни што не се почитува договорот за откупната цена, велат подготовките за штрајкови течат, бидејќи родот им стои во амбарите, но стоат и долговите за наплата, информира 24ТВ.
За ваквата ситуација оризарите прстот го вперуваат во откупувачите и бараат Владата да интервенира со решение кое долгорочно ќе го реши проблемот што годинава кулминираше.
ТВ 24 контактираше и дел од откупувачите, кои само ја потврдија фактичката состојба на терен, но не сакаа да даваат изјави.
Повеќе на следниот линк