Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Вевчани дел од престижната листа на најдобрите топ 100 приказни за зелени дестинации за 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Општина Вевчани дел од престижната листа на најдобрите топ 100 приказни за зелени дестинации за 2022 година
Рурален Развој

Општина Вевчани дел од престижната листа на најдобрите топ 100 приказни за зелени дестинации за 2022 година

Објавено 18/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Vevcani Green“ е дел од престижната листа на најдобрите топ 100 приказни за зелени дестинации за 2022 година.

Секоја година, натпреварот Top 100 Good Practice Stories на Green Destinations собира одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот за да бидат споделени како инспиративни примери, а дестинациите добиваат признание за решенијата што ги имплементирале како одговор на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Со оглед на тоа што туристичкиот сектор се соочува со многу предизвици во изминатите години, треба да се слави издржливоста и напорната работа на овие дестинации да станат поодговорни.

Во изборот за 2022 година беше вклучена и Општина Вевчани, со проектот за развој на одржлив туризам „Vevcani Green“. Апликацијата беше оценета од страна на Топ 100 тимот составен од експерти и партнери на Green Destinations. Комитетот на Топ 100 нагласува дека изборот на листата Топ 100 не значи дека дестинацијата е одржлива, туку дека е избрана врз основа на минимално ниво на усогласеност со основните критериуми на Green Destinations стандардот и проценката на нивната практика за одржлив развој, информира на фејсбук профилот градоначалникот Спасе Кочовски.

Здружението за одржлив развој и одговорни практики во туризмот, „Mustseedonia“, воедно и претставници на Green Destinations за Македонија, работи со општината и локалната заедница, и особено бизнисите од туристичкиот сектор, на нивно образование, обука и вклучување во методите и практиките на одржлив туризам преку програмите на Green Destinations. На овој начин, се поттикува развојот на Општина Вевчани како прва одржлива дестинацја во Македонија, модел кој ќе послужи како инспирација и ќе се преслика на други дестинации низ државата, додава Кочовски.

Преку создавање на платформа и визуелен идентитет за промоција на Вевчани како одржлива дестинација, како и креирање на “зелени продукти” значително ќе се подобри квалитетот и имиџот на самата дестинација, како и видливоста и интересот на одговорните посетители, потенцира Кочовски.

Натпреварот се одржува под покровителство на Топ 100 партнерство, со посебен придонес од: Green Destinations, QualityCoast, Travelife, ITB Berlin, Asian Ecotourism Network, Ecotourism Australia, Global Ecotourism Network, Sustainable First, GLP Films, и Future of Tourism Coalition.

Приказната „Vevcani Green“ и целата листа Top 100 Good Practice Stories за 2022 година е достапна на веб-страницата на Green Destinations.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:вевчани
Претходен напис Николовски: Со новиот модел за субвенционирање, афионот како нашa стратешкa културa ќе добиe поголема поддршка, односно дополнителни субвенции за земјоделците
Следен напис Зимска заштита на овошките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?