Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Илинден продолжува со заштита на животната средина преку чистење на каналската мрежа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Илинден продолжува со заштита на животната средина преку чистење на каналската мрежа
Агровести

Општина Илинден продолжува со заштита на животната средина преку чистење на каналската мрежа

Објавено 16/12/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината, при што во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри.

Заклучно со овој зафат, на подрачјето на Општина Илинден исчистени се вкупно 26.500 метри канали и речни корита во сите населени места, а во наредниот период планирано е продолжување на активностите со дополнителни 2.000 метри на потегот од Текија кон Дељадровци.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во тековните активности при чистењето на Сува Река во населеното место Текија и истакна дека редовното чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали и речните корита претставува еден од клучните приоритети на Општината.

„Со оглед на високото ниво на подземните води, редовното одржување на каналската мрежа овозможува непречен проток на атмосферските води, превенција од појава на поплави и зачувување на чиста и здрава животна средина, што е предуслов за квалитетен живот на граѓаните“, нагласи градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на вакви активности, со цел зголемување на безбедноста, унапредување на инфраструктурата и подобрување на животните услови за сите жители.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:каналиопштина илинденчистење
Претходен напис Поради магла намалена видливост до 50 метри во околината на Дебар
Следен напис Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?