Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Делчево доби средства за рехабилитација на земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Општина Делчево доби средства за рехабилитација на земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи
Рурален Развој

Општина Делчево доби средства за рехабилитација на земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи

Објавено 25/01/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со поддршка на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе се рехабилитира земјоделскиот пат во месноста Средни Бавчи во Делчево.

Според градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, станува збор за инвестиција со која се заокружува првата фаза од циклусот инвестиции во земјоделската инфраструктура, со која за рехабилитација се предвидени над три километри земјоделски патишта.

– Во просториите на МЗШВ во присуство на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, го добив решението за реализација на проектот. Оваа инвестиција е наш одговор на барањата на земјоделците и во таа насока, продолжуваме понатаму. Ќе искористиме вакви и слични повици со кои ќе обезбедиме поддршка за решавање на проблемите на земјоделците поврзани со земјоделската патна инфраструктура во општината, истакна Трајковски.

Со ова, додаде, се решава горливиот проблем со патната инфраструктура за земјоделците кои имаат земјоделски површини или објекти во месноста Средни Бавчи.

Финансиската поддршка од Агенцијата е во износ од околу 999,7 илјади денари, а согласно со идејниот проект, ќе се рехабилитира земјоделскиот пат во должина од околу 800 метри и проширување на ширината на патот до 4,5 метри.

– Проектот ќе се реализира преку Програмата за рурален развој, мерка 124- Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството, шумарството и водостопанството, подмерка 124.3 – Инфраструктура за прстап до земјоделско земјиште, врз основа на Програмата за финансиска поддршка за рурален развој, додаде Трајковски.

Претходно, како што додадоа од Општината, преку Центарот за развој на ИПР, минатата година беше завршена рехабилитацијата на земјоделскиот пат село Вирче – село Град во должина од 1.320 метри, а со подобрување на временските услови ќе започне и рехабилитацијата на земјоделскиот пат во месноста Долни Бавчи во должина од 1000 метри.

Може да ви се допадне

Во Делчево бизнис форум „Заедно да подадеме рака на развојот“
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:горан трајковскиделчевоникица бачовскисредни бавчи
Претходен напис Најстудено утрово на Шапка, -5, најтопло во Гевгелија и Дојран, во Лазарополе снежната покривка 12 см
Следен напис Наместо пластични кеси, спреј за овошје и зеленчук кој се мие со вода – Колку е безбедно ова револуционерно откритие?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?