Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН вложуваат максимални напори за продолжување на Договорот за жито
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН вложуваат максимални напори за продолжување на Договорот за жито
Агровести

ОН вложуваат максимални напори за продолжување на Договорот за жито

Објавено 07/07/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обединетите нации вложуваат максимални напори да обезбедат продолжување на Црноморскиот договор за извоз на жито и меморандумот за разбирање за да се олесни пристапот на руските ѓубрива и другите производи на глобалните пазари, изјави генералната секретарка на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој, Ребека Гринспен.

-Мора да продолжиме да ги намалуваме цените и да имаме стабилни пазари за храна и ѓубрива во светот – изјави Гринспен во Женева, пренесе Ројтерс.

Таа нагласи дека Обединетите нации остануваат посветени да вложат максимални напори за продолжување на договорот.

-Ќе размислиме за одење во Москва во деновите кои преостанаа, но тоа се уште не е потврдено – рече Гринспен.

Москва не гледа причина да продолжи да го спроведува договорот, кој истекува на 17 јули, објави во вторникот руското Министерство за надворешни работи, пренесе Спутник.

Од Министерството наведуваат дека „ситуацијата со нормализацијата на руските испораки на храна и ѓубрива на светските пазари е таква каква што е предвидена со Меморандумот на Русија и ОН, продолжи да деградира“.

-Во овие услови, очигледно е дека нема основа за натамошно продолжување на Црноморската иницијатива, која истекува на 17 јули – посочуваат од Министерството.

Во соопштението се истакнува дека „истовремено, руската страна продолжува совесно и одговорно да пристапува кон своите обврски, ги прави потребните напори во строга согласност со процедурите за да можат сите бродови кои учествуваат успешно да ја завршат својата мисија и да го напуштат Црното Море до крајот на важење на процедурите“.

Како што истакнуваат од Министерството за надворешни работи на Русија, на Запад јавно изјавуваат дека нема отстапки на тема антируски санкции, вклучително и храна и вештачи ѓубрива.

Договорот за храна, кој беше потпишан на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН, вклучува извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море од три пристаништа. Со координацијата на бродскиот сообраќај се занимава Заедничкиот координативен центар во Истанбул.

Пакетот на овие документи предвидува укинување на ограничувањата за извоз на руски земјоделски производи и ѓубрива на светските пазари, а исто така го одредува алгоритмот за безбедно излегување на комерцијалните бродови од пристаништата на Црното Море под контрола на Украина долж специјално отворените хуманитарни поморски коридори од 18 март 2023 година.

Русија ја продолжи важноста на договорот за 60 дена – до 18 мај, а Украина инсистира дека договорот е продолжен за 120 дена.

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:договор за житоОН
Претходен напис Во понеделник ќе се врши ларвицидна дезинсекција против комарци во Куманово
Следен напис Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?