Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството
Агровести

ОН: Кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството

Објавено 14/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормуската Теснина може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) предупреди дека продолжената криза во Ормуската Теснина би можела да предизвика глобална катастрофа во земјоделството поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на културите, јави Скај Њуз.

Во соопштението се наведува дека најсиромашните земји ќе претрпат најмногу поради намаленото земјоделско производство, инфлацијата и побавната глобална економија. ФАО го издаде предупредувањето неколку часа откако почна американската поморска блокада на иранските пристаништа.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека секој ирански брод што ќе се приближи до американската блокада на Ормуската Теснина ќе биде уништен.

– Иранската морнарица лежи на дното на морето, целосно уништена – 158 бродови. Она што не го погодивме беше нивниот мал број од она што тие го нарекуваат „брзи напаѓачки чамци“, бидејќи не ги сметавме за голема закана. Предупредување: Ако некој од овие бродови се приближи до нашата блокада, тој веднаш ќе биде елиминиран – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“, кратко откако почна американската блокада на Ормуската теснина.

Трамп претходно соопшти дека САД ќе ги блокираат бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа, почнувајќи од 10:00 часот по источно време (16:00 часот по средноевропско време) денеска.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека блокадата ќе се однесува на сите пловила што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежни области, вклучително и оние во Арапскиот и Оманскиот залив, и ќе се спроведува без оглед на земјата на потекло на пловилото. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделствотокатастрофаКризатаОНОрмуската Теснина
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Следен напис Утрово најстудено на Попова Шапка, попладне и во текот на ноќта локални врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?