Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
Агровести

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство

Објавено 04/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на  безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, но пред се жестока борба против криминалот и корупцијата. Ова на денешното официјално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство го истакна новиот прв човек на АХВ Оливер Миланов.

Тој, на средбата со својот претходник, поранешниот директор на АХВ Николче Бабовски истакна дека дигитална трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и задрвствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор – истакна Миланов.

Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посака успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Време е за напорна работа, резултати, отчетност и транспарентност –порача новиот директор на АХВ, Миланов.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агенцијаахвветеринарствопримопредавањехрана
Претходен напис Трипуновски на средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија
Следен напис Сончево и топло, до 34 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?