Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Октомври за 0,4 степени Целзиусови потопол од вообичаено – Највисока максимална температура измерена на 1 октомври во Гевгелија, 28,8 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Октомври за 0,4 степени Целзиусови потопол од вообичаено – Највисока максимална температура измерена на 1 октомври во Гевгелија, 28,8 степени
Агропрогноза

Октомври за 0,4 степени Целзиусови потопол од вообичаено – Највисока максимална температура измерена на 1 октомври во Гевгелија, 28,8 степени

Објавено 04/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), средномесечната температура се движеше од 8,4 степени Целзиусови во Лазарополе до 16 степени во Гевгелија.

-Споредено со просечните октомвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период од 1981 до 2010 година, годинашната температура беше за 0,4 степени Целзиусови повисока на ниво на држава. Средната максимална температура варираше од 16,5 степени во Лазарополе до 24,2 степени во Гевгелија. Највисоката максимална температура беше измерена на 1 октомври во Гевгелија и изнесуваше 28,8 степени. Средната минимална температура варираше од 1,7 степени во Берово до 9,5 степени во Гевгелија. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 18 октомври и изнесуваше -3,8 степени, соопшти УХМР.

Оттаму прецизираат дека имаше невообичаено високи температури во третата декада од месецот кога е забележен и продор на есенски топлотен бран.

-Во октомври месечната сума на врнежи во државата варираше од 11 милиметри во Струмица до 83,7 милиметри во Маврово. Врнежите беа од дожд, а максимално дневно количество на врнежи од 30,5 милиметри беше регистрирано во Маврово на 2 октомври. Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1981-2010), измерената месечна сума на врнежи беше помала за 32 милиметри или е 51 процент под просечната на ниво на држава, посочуваат од УХМР.

Може да ви се допадне

Времето денес ќе биде сончево и топло, во попладневните часови појава на нестабилност со засилен ветер, пороен дожд и грмежи
УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
Сончево и топло, температура до 37 Целзиусови степени
До крајот на денот сончево и топло, попладне наместа нестабилно со пороен дожд, локалното невреме поизразено в среда и четврток
Сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд
Таг:октомвритемпература
Претходен напис Германија ги заострува правилата за транспорт на животни – Се воведуваат рестрикции за транспорт на живи животни во земји надвор од ЕУ
Следен напис Кога да се изврши варосувањето на стеблата на овошките? Потребно е да се знае дека концентрацијата за варосување на млади овошни дрвја е помала
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?