Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу 400 грла добиток ги уништуваат посевите на четири штипски села
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Околу 400 грла добиток ги уништуваат посевите на четири штипски села
Агровести

Околу 400 грла добиток ги уништуваат посевите на четири штипски села

Објавено 14/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Блажо Цветановски, кој пред неколку години се вратил во селото Љуботен за да преживува од земјоделство вели дека добитокот секоја година му ги уништува житните култури, но и овошните насади, што му се во дворот. Со солзи во очите вели дека ја обработува земјата, но родот му го уништуваат крави, кои се пуштени сами да пасат низ атарите на четирите села.

Осумдесетгодишниот Дане Наумов од село Љуботен вели дека станува збор за стотици хектари посеани со житни култури и други насади, а добитокот кој е пуштен сам да пасе низ нивните имоти им ги уништува и сандаците со пчели, влегуваат во шталите полни со сено, дворовите, но и во црквите и дворовите. Штетата што ја трпат е, вели, голема.

-Ние немаме никаква заштита на приватноста. Населението живее во страв и постојано сме будни. Реагиравме до сите институции, Министерството за земјоделство, инспекции, полиција, ветеринарна и кај градоначалникот на Општина Штип. Но, еве над пет години никој ништо не им може на сопствениците на добитокот, кои ни уништуваат сѐ што ќе посееме – вели Данев.

Осумдесет и седумгодишниот Стево Стојановски вели дека повеќепати повикувале полиција, правеле се како што им кажувале, но проблемите и понатаму продолжуваат. Посадил 15 хектари детелина, но од неа лани ништо не заработил, па оваа година ги оставил нивите необработени.

-Имаме големи проблеми низ селото, кога ќе ги видиме, ги спасуваме нивите, а во соседното село Чифлик жителите се откажаа од нивите и лозјата, вели Стојановски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека пред неколку недели имале состанок со сите претставници на институциите, жителите од штипските села и сопствениците на добитокот.

-Во општината имавме координативен состанок, но еве порачувам дека во координирана акција со институциите ќе се справиме со овој проблем на жителите на Љуботен, Чифлик, Долани и Балталија – вели Јорданов.

Жителите на овие села сметаат дека штетите им се неколку илјадници евра, бидејќи имаат развиено лозарство, а на големи површини се садат житни култури и сточна храна, која во моментов поради кризата е од големо значење за нив, но и за заедницата. Низ дворовите и низ посевите се гледаат стапки од говедата, кои се оставени сами и им ги уништуваат посевите, од кои чекаат род.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дане наумовдобитокљуботен
Претходен напис Расцветаниот бадем, сливата и раните сорти кајсии на удар од ниските утрински температури
Следен напис Намален водостојот на Охридското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?