Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу 20 илјади јагниња од Дебарско на странските пазари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Околу 20 илјади јагниња од Дебарско на странските пазари
Агровести

Околу 20 илјади јагниња од Дебарско на странските пазари

Објавено 07/04/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оваа сезона сточарите од дебарското подрачје, се очекува да продадат околу 20 илјади јагниња, истакна претседателот на здружението „Даши“ на сточари од Дебар и Центар Жупа, Скендер Аме.

– До денес продадени се над половина од вкупно планираната бројка. Јагнињата ги откупува главно фирмата „Стокопромет“ од Скопје, по цена од 160 до 175 денари за килограм жива мера. Поради потврдениот квалитет на месото на дебарското јагне тоа и овој пат завршува на странските пазари, главно на италијанскиот, рече Аме.

Тој го пренесува незадоволството на сточарите од откупната цена, но, како што вели, немаат друго решение.

– Трошоците се високи и сега кога имаме многу високи цени во сите области, фирмите за откуп и продажба на јагниња не се коректни со цените што ги нудат. Сметаме дека откупната цена требаше да биде во просек 250 денари за килограм жива мера, но тоа е што е. Сакам да нагласам дека се намалува интересот за сточарството што го потврдува фактот дека годинава сточарите оставија многу мал број на јагниња за приплод. Врз тоа влијае и масовната миграција, која во белиот свет однесе една многу побројна дебарска заедница, но и незаинтересираноста на младите да се вклучат во овој сектор, посочува Аме.

Во поширокиот Дебарски регион, кој располага со идеални услови за развој на сточарството, моментно, според Аме, со оваа дејност се занимаваат 140 сточари кои располагаат со околу 40 илјади грла ситен добиток.

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:јагниња
Претходен напис Исплатени се 112 милиони денари субвенции на 5.664 млекопроизводители
Следен напис (ВИДЕО) Николовски: Земјоделците да ги искористат новите интервентни мерки, заеднички да овозможиме одржливо и зголемено домашно производство на стратешките земјоделски култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?