Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Околу 150 прехранбени компании од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Околу 150 прехранбени компании од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија
Агровести

Околу 150 прехранбени компании од 1 декември ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија

Објавено 14/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар како еден од начините и мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа и инфлацијата, најави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година имајќи во предвид дека треба да се справуваме и со инфлацијата во делот на храната, а одредени компании кои произведуваат основни прехранбени производи имаат за три до четири, па дури и 10 пати поголеми трошоци во импутот електрична енергија. За да се намалат овие трошоци кои се директен импут во крајната цена ние ќе ги ставиме тие дејности на регулираниот пазар, по конкурентна цена на струјата, но со обврска да се намалат цените на основните прехранбени производи за процентот за кој ќе им се намали трошокот за струја, рече Бектеши во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Во однос на парното греење во Скопје министерот Бектеши кажа дека набавен е гас за првите две недели од октомври по најповолна цена, кој е двојно поевтин од претходните понуди, а очекувањата се дека од следниот месец ќе се обезбеди гас по поконкурентни цени со цел да има најниски трошоци за граѓаните.

-На 15 октомври со почетокот на грејната сезона ќе почне снабдувањето со топлинска енергија, радијаторите во Скопје ќе бидат топли. Топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона, истакна Бектеши.

Тој ги повика граѓаните да ги следат мерките и препораките за штедење на Владата бидејќи така ќе заштедат и во домашниот буџет.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:прехранбени компании
Претходен напис Симпозиум за земјоделство: Храна ќе има, но потребно е поголемо домашно производство
Следен напис Најмногу дожд во изминатово деноноќие наврна во Крушево, а потоа следуваат Попова Шапка, Скопје, Куманово…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?